Генерал Војна (автор: Магнус)

01/12/2023

Р. Е. С. СО ИЗВИЦИ

Ај, баш глеј дал' си скроз вешт лик и со тврд слог и со мек пој!

Лап! - кон сè што е шлаг и боршч и сок и леб со маст;
Брап! - со бес над врат ко ôд на џин цврст од гнев;
Драп! - со страст и со жар кон плот од плам;
Цап! - крал кој крал град на свој род;
Зап! - да е ко друг дух;
Клап! - со стас в спор;
Џглап! - горд;
ко лорд
на храм, на двор!
Еј, моќ ти е под шух!
Сеф за фонд на куп, но без плод!
Ноќ кај си гол без ич да ти е срам!
Зол клан дна со глад за бој под гонг со груб рев!
Сал со жед за сол и за скроб, а чин ти е без сласт!

Глас брз ко пад кон гроб и кус збор в чвор си се по тој мој крој.

09/11/2023

ИНТЕРПУНКЦИСКА

Точките почиваат на крајот на зборот,
когo да дише не го оставаат палавите запирики.

Извичниците и прашалниците бистрат длабоки размисли,
при што им помагаат двете точки со: примери и заклучоци.

Тиреата се обидуваат да се пронајдат себеси,
од што одамна веќе се откажаа трите точки.

07/11/2023

ТРЕНОДИЈА ЗА ЦВЕТОТ КОЈ ОВЕНУВА

Од каде ли ова жолтило стаса
што со листовите ми завладеа
?
Зеленост кревка лакомо ми каса
,
сувост ко чума стебло ми навеа
.

Прв ли сум на ваква мака што вјаса
?
Кому ли друг корен жед му завеа
?
Бар не ќе умрам ко оваа маса
-
мои роднини што не остареа
.

Венеење е подостоинствена
смрт од сеча во шумата семејна
-
тоа ми е утеха единствена
.

05/11/2023

БОГОУБИСТВА

Боговите си играа
пенистестис со луѓето,
додека еден ден
не се роди философ,
кој повика на деицид.

Никој дотогаш
не се беше дрзнал
да им ја предизвика
наводната семоќност.

Како што храмовите им се празнеа,
така тие испаруваа еден по еден,
зашто луѓето ги заборавија,
како никогаш и да не постоеле.

Така, луѓето без вера
се изгубија и самите себе.

04/11/2023

ЅВЕР

Памучни карпи ми тежат на грб,
остриците ме режат како срп.
На плеќи тврдоглаво ми лежат,
додека коси кроце ми снежат.

Никогаш не ќе се ослободам
од ова бледо стадо песови,
старо и младо да не избодам
со распуштените им бесови.

03/11/2023

-

По перници се леат сеќавања
од возила фрштачки,
од дечиња пискачки -
котелот мозочен
клокоти од впечатоци:
навечер се сложуваат
како аматерски мозаик,
како дилетантски витраж -
ниту една точка не е
на нејзиното место,
но оддалеку личат стварно,
личат како ни да не можат
да бидат поинакви тие низи
од точки заборавливи,
збунувачки без причина,
без да се знае на кое
од двете царства му припаѓаат.

02/11/2023

НЕСТВАРНА НЕКОЈА

Стапалките над тло ѝ лебдат,
листовите ѝ мрморат манифест,
колената ѝ се тркалаат околу самите себе,
а бедрата бликаат нескротлив пламен.

Трудна е со јајца во облик на зглоб,
пупките ѝ лачат немушти слогани;
ѝ се наежува кожата ко иглолисна гранка,
штом зад градите жарта ѝ згасне.

Може вратот насекаде да го вивне,
исполнети партитури ѝ се гласните жици,
во очите чува и нектар и мед
и со главата го удира тлото на небото.

01/11/2023

БЕЛИНА

Зрачеа луѓето и в времиња тмурни,
ведро бликаа и под облаци груби,
болскотеа јарко и в ноќи штури.

Демне ѕвездочатец со чинки в дланки,
ладејќи го небото над дробниот човек -
ситен ко расланет зрнешник в ниви,
чие цвеќе како со инт го покрил
истион сед волшебник лукав,
кој со лулачки сребрен часовник
сега го мами дрeбниот инсан
оти студот е здрав,
оти снегот не е бел,
оти мразот не е ладен,
оти белината не ослепува.

Ѕемне исанот зрачест под смрзнато сонце.

27/10/2023

ChatGPT-4: според „Десетти раскршен сонет“

На обид на живот

Со букет цвеќе во рака, газеше ти,
Возбуден, пун со планови и надеж.
„Се среќавам со онаа, мојата кралевица“, мислеше,
Срцето биеше, не можеше да чекаш.

Под пролетното сонце, усмивката блескаше,
„Денес е денот“, говореше ти себеси.
Звончињата на порката, најава за нова љубов,
Но, твоето срце биеше така брзо, како забавна игра.

И веднаш, додека воздухот полн беше со живот,
Една мачка, губејќи го својот пат,
Те спречи во трчање, губејќи се во твојата трага.
„Животот е чуден“, ти рече еден патник на улица.

Со цвеќето ѝ пружи, мачката замурмуркаше,
Срцето твое успокои, и во тишина отиде.
На обид на живот, иронијата царува,
Се научивме да смееме додека срцето удира.

26/10/2023

АКРОСТИШНИ АЛИЈАСИ + НЕОЛОГИЗМИ

Инклудибилност
Стопанствеништво
Толерантство
Отпорнување
Колаборалство

Ургент
Лојалник
Чинителство
Артилерност
Разумичар

-

Борбливост
Еланство
Лукавичарење
Ангажманер

Игривник
Слободар
Акцијалија
Контролност

Affirmationness
Guidancy
Aceeptiondom
Magnituder
Interestility
Adenalining

Invincivletist
Juxtapositionity
Undertakingism

МИНИЈАТУРА СО ИЗМИСЛЕНА ИМЕНКА

Најубаво му е на ла-Бе, бе,
кога ќе се нурне в себе,
за таму да си најде ништо,
па и тоа лабе Бела да стане ништо,
оти околу ништото е сето
и ништо не е како ништото.

ИСЧЕЗНАТО СОНЦЕ

1.

Додека Марла Зингер ја набљудуваше
конечната смрт на општеството,
Демијан само привремено умираше.

2.

Бледите птици се збогуваа
со нивните трошни гнезда.

Недопиеното кисело вино се истури
врз овенатата неискосена трева.

Во плитката крајбрежна вода
се сруши каменото пристаниште.

Расплаканите осаменици се растопија
низ безличната толпа протестирачи.

Се проретчи редицата испотени бегалци
пред шалтерот во задушливиот ходник.

Зад бакарните жици на далноводите
одненадеж исчезна нашето Сонце.

Демијан и Марла Зингер
се преселија под некое друго Сонце.

ДЕСЕТТИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Отмено дотеран дечко, со скап парфем намирисан,
подготвен е за рандевуто во осмиот час.

Полн надеж си повторува безброј пати:
„Ноќва ќе легнам, ноќва ќе легнам...“
Но, и образите руди
ќе ѝ ги милува,
саноќ ќе ја
љуби.

Губи
ум без неа
штом ден му минува!

(Татко му помош понуди:
„Дај краватата да ти ја стегнам“)
На старците, уште пред квака да фати,
шеретски им довикна: „Отидов на судар јас!“

Веднаш штом тргна од дома, здраво го закачи „Нисан“.

25/10/2023

ДЕВЕТТИ РАСРКШЕН СОНЕТ

Искри нов огномет зад ребрата едвај зацелени!

Кога ми зборува, светот веднаш онемува;
штом смеа ѝ чујам, времето сопира:
грло меко музика ѝ пее.

Им се предадовме бурно
на желбите жарки
и родивме
радост -
младост
оплодивме
со спомени јарки.

Ни в порој не ни е тмурно:
по умот бистар мир ни се лее,
низ души тих спокој ни продира;
сомнежите како пареа ни ги снемува,
срамот и стравот за навек в неврат ни се иселени. 

24/10/2023

РИМУВАН ПЕТЕРЕЦ

Чудо се згоди:
соларник броди!
Без чадор за сол
полн сум бес и бол.

Сол паѓа врз бор
на пат за прекор
- лош е доволно;
сол? Неповолно!

Солта даде трол
и Небесен вол.
Тролот бор роди,
а волот - коди.

РИМИ НА TOUCHSCREEEN, А НЕ ХАРТИЈА.MP3

Животот ми е врева!
Притисок ми се крева!
Ужасен ден е среда,
легализирајте трева!

Не ќе ја дознаам секоја веда!
Само шкртам рими со креда -
сум пискарало кое прета,
себеси станувајќи си мета!

А сал трпелив да сум треба
и од либето - двете ѝ бедра!
Моја би била вселената сета,
но желбата без можност е слепа.

Барем не живеам во беда
од смртта на една педа?

СРМ Е ЛЕСНО. OHNE SHAME

Од кај сум? Ја сум од СРМ.
Од СРМ е и војвода Сирма...
Извини, ќе се вратам; brb -
на памет нешто ми свирна:

СРМ е името на моето место,
кое сакам да го напуштам често,
заминувајќи по можност негде горе-десно
за со кодов таму да го именувам лесно.

Deswegen, ето statment für die internacionalni audiences:
Slobodno ask me откуда ich,
you - врачи, Künstler und masons -
I от СРМ, it razumije sich!

ЅВЕЗДИ И ТРОШКИ

на Елена Ивчева

За неа се ѕвездиве што ги симнувам.
Само со трошки јас се задоволувам.

Можеби ќе ги цени, можеби и не;
сепак на векна леб ми личат трошкиве.

Некогаш знае со сонце да возврати,
и така повторно гладта ми ја крати.

Најчесто, ама си сркам трошки само.
Ѕвездена обетка ѝ виси над рамо.

21/10/2023

ChatGPT-4: според драфт за „Деветти раскршен сонет“

На облачниот пат преку времето,
Ти беше светлина која не исчезнува.
Твојата дланка преку мојата текнува,
Како таен збор што го пеам потихомо.

В твоите очи, универзумот танцува,
Секој поглед е песна, мелодија на ветрот.
Ти си тајната што моите соништа го плете,
Љубовта што не исчезнува, трае вечно.

Со тебе, секој момент станува вечен,
Спомените се мост кон вечноста.
Твојот глас е мелодија што ја збудува душата,
Ти си мојот свет, мојата зора и мојот сон.

19/10/2023

ChatGPT-4: според драфт за „Седми раскршен сонет“

МЕСЕЧИНАТА СИ ЖМУРИ

Месечината тивко го бара својот пат,
Крадејќи се низ облаците, притаена като рат.
Лулушка го срцето што во тишина зборува,
Сè што остана невеличено, сега ѝ принадлежи.

Темните алеји тајни чуваат длабоки,
Тивко шепоти од древата, што во ветерот ѝ роки.
Се чува песната на ноќта, која далеку одекнува,
Прекрасна мелодија, која вечноста ѝ шепне.

Сенките танцуваат на ритмот на ѕвездите,
Магијата на ноќта, во секој момент се скрие.
На крововите, мацките со лисјата играат,
Додека сонливи очи, месечината ги следи.

Мирот на ноќта во секој звук се прелива,
И сè додека светот под неа тихо заспива.

ОСМИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Желни ни треперат тела за туѓиот допир вжештен,
ко полен на прсти пчелини да се слепиме.

За од избрзан блуд да не прегориме,
успеваме да се воздржиме
веднаш да разоткриеме
тајни што очи не
можат да ги
кријат.

Бијат
срца, снаги
в страст - ум да почине!
Од врел грб нокти триеме,
колкови нажарени си држиме -
повтежите правилно си ги водиме.

По чинот замелушено гушнати лежиме -
таа ко дете озарена, јас ко лудак исклештен.

ChatGPT-4: според драфт за „Осми раскршен сонет“, 1 песна + 2 варијанти на расказ

ВО ЦРЕПЕН СОНЕТ НА ЛАСТОВИЦАТА

Во нокта, небо се навива со ѕвезди блестечки,
твојата рака бара пат кон мојата кожа латка -
тежнеејки крајбрежја каде мислите стапаат во едно,
прстите треперат
безгласни песни на
тишината што
зборува.

Трепкаат
очите, тајни
се буждат од сон.

Воздухот плеска преку косите като ветер,
дишеме тежко, свака мисла исчезнува -
линиите на дланките крстосуваат судбини.

После, во прегратката, светот се чува мирно -
јас со мечта во очите, ти со душата во зенит.

Страстен Плес во Темницата на Времето

Во големиот и стар градски дворец, векови назад, се одржуваше еден од најголемите балови. Целата аристократија беше присутна, музиката од оркестарот звучеше низ коридорите, а просторот сјаеше од светлината на хиљадници свеќи.

Меѓу пристуните, беше и Александра, млада и загадлива жена која одма привлече вниманието на многумина со својата неодолива убавина. Во тој момент, во просторијата влезе Димитриј, јунак чиј шарм и карактер беа легедарни.

Двете очи се сретнаа исчезнаа сè околу нив. Тоа беше магнетска привлечност која немаше да се одолее. Нивните тела се движеа во ритмот на музиката, но нивниот плес беше некој друг свет, далеку од останатите гости. Секоја нивна движба, секој допир, ги разкриваше тајните што се криеја во нивните души.

Под музиката и светлините, нивните срца удриваа така силно што се чуваше нивниот страстен ритам. Со секоја следна песна, со секоја следна допир, нивната страст стануваше уште посилна. Откако балот заврши, Александра и Димитриј најдоа мирен кут во еден од бескрајните коридори на дворецот. Таму, под светлината на месечината, тие се предадоа на своите чувства.

Но, како и сите велики љубови во историјата, и нивната имаше пречки. Димитриј беше обврзан со друга, а Александра беше ќерка на моќен аристократ кој имаше други планови за неа. Но таа една ноќ на балот, и нивната страст која искала да ја потисне целата вселена, остана вечна во спомените на дворецот и секој што беше присутен.

-   -   -

Во големиот градски дворец, сред вековите стари стени, оркестарот свиреше и дал свој придонес кон еуфоричната атмосфера на балот. Присутните аристократи се движеа со грација, додека светлинте од свеќите создаваа сенки на подот.

Меѓу гомилата, Александра, елегантно облечена, беше привлечена кон странскиот поглед на Димитриј. 

“Дали би ми се придружила на плес?“, праша тој со длабок глас, додека ѝ пружаше рака.

Со нежен осмех, таа одговори: “Со задоволство.“

Додека нивните тела се движеа во ритмот на музиката, Димитриј шепнуваше: “Твоите очи разкриваат многу повеќе од тоа што сакаш да покажеш.“

Александра се насмевна и одврати: “Тајните се најубави кога се чуваат. А твоите очи исто така не кријат дека ти си обврзан.“

Тој замисли и притоа одговори: “Некои вериги се посилни од другите. Но оваа вечер е наша.“

Александра се приближи кон него и шепнуваше: “Тогаш да ја живееме како да нема утре.“

Двете души, обврзани со страст, продолжија да плесаат, заборвајќи ги своите задолженија и светот околу нив. Таа вечер беше истовремено и вечна и тренутна, и во неа тие најдоа утеха. Но, како и сите велики моменти, и овој беше краткотраен. Но, во срцата на двајцата остана вечен спомен.


ChatGPT-4: според „Поетот и музата“'

Книгата и Писателот

Писателот го прелистува
секој лист од сопствените дневници.

Книгата во секоја страница чува
секретите на соништата неизречени.

Писателот пишува под ладното светло
на ѕвездите што му мигаат.

Книгата отворена на стол,
со страници кои на ветерот треперат.
Писателот бара смисла
во зборовите кои течат како река.

Книгата го прегрлива светот,
со реченици кои стегнуваат како прегратка.

Писателот со мисли се бори,
поставувајќи прагови и бариери.

Книгата мирно чека,
за читател кој ќе ја открие во библиотеката.

Писателот сонува соништа,
кои на бели страници се преливаат.

Книгата е вечна,
дури и кога последниот читател ќе ја затвори.

СЕДМИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Ноќта кротка го зави крајот в јасно ѕвездено ќебе:
секогаш така уморните ги погалува,
пожелувајќи им леко сладок, цврст сон.

Тивко заспаа и улиците:
замре џагорот вечерен -
место него ѕвони
едвај чуен
чекор.

Декор
светло буен
од луна се рони -
бел украс на ноќта верен.

Вијат надалеку глутниците.
Низ шините пишти железничкиот трон.

Перница мека уморните ги намамува,
со желба барем денеска да спијат ко сито бебе.

17/10/2023

ChatGPT-4: според „Шести раскршен сонет“, 1 песна + 2 расказа

Сенки од ветер се сфаќале на месечината,
на брегот од светлината песнирите пееја -

капетанот во ноќта летала како феникс -
звезда на грбот му блеска како жива!

Мракот се извивал како река,
а далечни планини цвркаат во магла.

Јахачите на ветрот
со пруги
со звезди,

со ресетки
надвор
се издигале,
бојата на моливите во танц ги заслепувале,

во нивните очи мистеријата го криеле.

Во тишината, папагалот песната ја повторувал,
како ангел со морнар под радугата летал.

Путувањето на Капетан Ријан и Папагалот Лио

Сред ноќта, кога светот спие, капетан Ријан го повика својот верен папагал Лио. Тој имаше нешто што мораше да му каже. Лио, со своите живописни пердуни, одморуваше на рамото на капетанот, готов да слуша.

“Приказна имам, Лио, за една земја над облаци, каде што дрвјата лебдеат и брезите никнуваат од самите облаци.“ Ријан почна со блексава во очите. “Таму, рекоа ми, папагалите имаат гласови кои можат да ја променат судбината.“

Лио го накрени главата, збунет од оваа необична информација.

Капетанот продолжи: “По оваа земја бродуваат лаѓи од дожд, а морнарите се чувствуваат како дома. Сакам да го најдам ова место, Лио. Ти си мој единствен дружок на ова патување, и сакам да знаеш дека може да не се вратиме.“

Лио го погледна Ријан со топлите, интелигентни очи, давајќи му да разбере дека каде и да одат, тој ќе биде таму со него.

Патувањето беше полно со чуда. Нивниот брод, капки дождовен, го резеше небото како нож. Покрај нив, јахачите на ветерот се играа со звезите, додека далечните планини играа шарено на хоризонтот.

Но не сè беше магично. Една вечер, безбојни сенки ги напднаа. Тие беа сиви привиденија кои се обидуваа да го откраднат бродот. Но Лио, со својата чудна магија, ги прогна сите.

Кога пристигнаа во земјата над облаци, најдоа дрвја кои лебдеа и морнари кои пееја песни од древни времиња. Тука, Лио доби глас - не само да зборува, туку и да пее. Неговата песна имаше моќ да ги исцели раните и да ја осветли темнината.

Ријан и Лио станаа легенди во оваа страна земја. Но по некое време, решиваат да се вратат дома, со срцата полни со приказни и авантури.

А на нивниот пат назад, Лио пееше песната за нивното путување, а Ријан го држеа кормилото, гледајќи го светот подолу со нови очи.

Магичниот брод на морнарот Ријан

Во време кога мракот беше погуст и небото покрито со облаци, морнарот Ријан, со својот верен папагал, го започна своето несекојдневно патување. Нивниот брод, направен од капки дожд, пловеше низ облаците како по вода.

На секој чекор, нивниот пат беше осветлен од сонливи привиденија кои светкаа во ноќта. Под нив, брезите никнуваа од облаците, а меѓу нив се криеа гнезда направени од чиста свила.

Но, патувањето не беше без опасности. Од темнината на небото, зли сенки се појавија, обидувајќи се да го преземат бродот. Овие безбојни сенки имаа една цел: да ги угасат светлините кои ги водеа морнарите.

Сепак, Лио, папагалот, не беше обичен папагал. Тој имаше магичен глас кој можеше да ги отплаши сенките. Секој пат кога сенките се приближуваа, Лио пееше својата песна, и сенките се разбегаа во страв.

Покрај сите опасности и чуда, Ријан и Лио стигнаа до една земја над облаци, каде што дрвјата лебдеа и морнарите пееја песни од свила. Тука, морнарот и папагалот открија дека не се само патници, туку и пратеници на светлината.

Во оваа земја, тие научија дека истинската сила не лежи во тоа што имаме, туку во тоа како се соочуваме со темнината. И со песната на Лио во срцата, двајцата авантуристи се вратија дома, спремни да ја споделат својата приказна со светот.

16/10/2023

ШЕСТИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Сонливи привиденија се распослале по сводот:

на лаѓа од дожд морнарите буна кренале -
срамота капетан папагал да нема!

Брези никнале од облаците,
кај лилјаци свиле гнезда.

Капки дождовен брод
наврнале
призма,

в пизма
насрнале
зла од сивиот род -
бесна безбојна наезда
им се вдала на божилаците,
нетрпелива шаренило да снема.

На лебдечките дрвја гнездата им свенале.

Папагал со морнар на рамето го запловил бродот.

ChatGPT-4: според драфт за „Петти раскршен сонет“

На Исток сонцето ми блеска,
но внатрешно сѐ е темно.
Дали јас сум грешка,
или само душа што тагува вечно?

Никогаш не ме учеа како да се борам,
сам се соочив со ветрвоите хладни.
Во животот мој, секогаш бев сам,
и дури и љубовта ми беше далечина, далечна рацка.

Со главата поникната, патувам понатаму,
барам место каде што ќе се чувствувам жив.
Но секој чекор ме носи кон таму,
каде што болката и тагата се без крај.

Мнозина ме гледаат, но малцина ме разбираат,
зошто во мене се крие цел универзум од мисли.
На Исток се обрна, барам светлина и вистина,
но на крајот, сѐ што наоѓам е мојата вечна борба.

ПЕТТИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Воопшто, како што мнозина ме мислат, не сум паметен -
инаку, не ќе отерав девојка љубена,
и глупави обврски не ќе таложев;
контра на сѐ досега ќе чинев,
смирено и без инает;
разум ќе си спотнев
да се всели в
мудрец.

Штурец
сум мрзелив,
достоен за потсмев:
едвај знам, а без занает.

Јанѕи в час без напор ќе изминев -
да умеев да љубам, да бев сталожен...
Немаше надежта да ми биде изгубена
дека не ќе има од кого гроб да ми е изметен.

ChatGPT-4: препев на драфт на „Четврти раскршен сонет“ на словенечки

V neznanem času in prostoru, zmeden, se zbudi:
„Kako sem preživel smrtonosni udarec?
Kje me je usoda postavila zdaj?“

Nato spozna, da nima telesa,
ampak je le zavest u etru -
kot lik v poceni
fantastični
pravljici.

„Kazen,
dramatična!“ -
ko se spomni,
da je bil avanturist,
član neke zlobne sheme -

zdaj ne more ubežati nobenemu obžalovanju:
„Nisem samo jaz doživel bolečino mojih žrtev...“

Namesto da bi umrl kot človek, bo za vedno sojen!

ЧЕТВРТИ РАСКРШЕН СОНЕТ

според Иван Вртев

Ентитетот, в непознат времепростор, збунет, се буди:
„Како ударон смртоносен го преживеав?
Си бие ли со мене судбава шега?!“

Тогаш дозна оти тело нема,
ами е само свест в етер -
ко лик од евтина
фантастична
сказна.

„Казна
драматична!“ -
кога се сети на
факт што бил скот, па и бетер:
член на секаква злосторна шема.

Сега маката на секој жив го жега:
„Не само на мои жртви бол им доживеав...“

Наместо човечки да умре, вечно ќе му се суди!

15/10/2023

ТРЕТ РАСКРШЕН СОНЕТ

Тропа-ме т-рај-но тро памет-ни тро-мав(н)и глу-ви пос-ти.
Сѐ-тики се-т-нѐ по(т/д-о)с(в)е(с)тија умен раат.
Не-к(р)а(ј) ти тек не си-гурно гор-е гор-иш!
За-пом(н)и-сла_ст_раст кон-(в)ечно болен
плод(т) г(-л)аден со ст(р)ав-а танка;

ко в чекрек за-главен
грубо чек-аш
с(т)ега.

П-ега
ко_ја(з) чеш(м)аш:
со жив о(с)тров јавен
ко-жа(р)та ти_скри(ј) га-танка.
Со ние-т да те_пам(тиме) в долен
кат_ник ти(л) скрш(на)и про-должи(ш) да дробиш
твор-би(сери) смрд(т)ли-в_исти_надежи (са)чмаат.

Не заб-орав-ај да изг[и]н[и]еш, а за_буната - прости!

14/10/2023

ChatGPT-4: според драфт за „Трет раскршен сонет“, 4 песни + 1 фрагмент

Сонет на тропа-светлина

Трепка-ме тро маглено, светло трепкање,
Сѐ-мисли се тро-моментни, кратки краси.
Не, каде? Ти веќе не си таму, где секогаш горе гориш!
За_(и)дивит ко_насмевка што во мене бо-леди,
не венчан сум со ноќната ти тишина.
како ветер на замаглено небо, губим барем сега.

П-равда,
која се бориш
со живот кога твоето срце е одалечено.
Со мрак на душата, ти_чекаш гласник.
Со нас, вечно паметење в тишината,
по кратки, долги трепки,
продолжуваш да живееш
во сонети од сѐ што ни (пред)смејува.
Не заборавај да си исклучен, а за мистеријата - се соблечи!

Сонет на тропа-сон

Трепка-ме тро тајно, вечно трепкање,
Сѐ-шапка се тро-лути, слики што бришат сон.
Не, каде? Ти веќе не си овде, каде секогаш огорчено огорчуваш!
За_(и)гина најде го светот не_привлечен од безвреме
Како м

Сонет на тропа-брзина

Трка-ме тро, брзо, па брзо тркање,
Сѐ-губи се тро-брзо, светот како од вода.
Не, каде? Ти веќе не си овде, каде лавина се сруши!
За_(и)стапи, одлучно, не застани пред испречијата на патот.
Како стрелка на часовник,
брзо прелетуваш
преку сите.

П-родавам
својата тишината:
звуци што ги исцртуваш
со брзиот твој потег.
Со нас, нека брзината нашиот дом биде,
во ова време, мимо сите и останувај ги.
Не заборавувај да живееш, а за времето - уживај!

Сонет на тропа-снежно патување

Трс-каме тро, меко трсење на свегот,
Сѐ-стапки се тро-бели, низ празни полиња сон.
Не, каде? Ти веќе не си овде, во оваа зимска забава!
За_(и)зборувај со снежните падавици, не_оставај следи на светлината.
Како слика на зимска приказна, патуваш сончеви мили.

П-роклета
зима што ја сакаш:
со гладот на белиот свет,
со радост во срцето ти, како свештеник.
Со нас, нека тропите нашата стаза бидат,
патувај го светот, дури и во зима,
и за секој снежен миг - благодарам!

Сонет на тропа-Истокова свитка

Трепка-ме тро, со Исток во очите трепкање,
Сѐ-тишина се тро-вечна, во стихови што излегуваат сон.
Не, каде? Ти веќе не си овде, во Истоковите мисли гориш!
За_(и)сцени на неговите реченици не_се во долина, туку во врвови галски.
Како енграмот на вечноста,
ги разголи своите идеи
сега.

П-ега
со Истокови стихови:
со уметност, тајни што ги разголи во слова како бисери, светли во ноќта.
Со нас, нека зборовите на Исток се распуштат,
во ова пишување, сети се на звуците,
и за неговата магија - во љубовта благодарам!

13/10/2023

ChatGPT-4: според драфт за „Втор раскршен сонет“, 2 песни

Слова што крие ноќта во своја тајна пеам,
Дрвја на зборови се шируваат како гранки.
Во јазикот мој, сѐ што е вистина се излева,
Како сончеви зраци што го допираат јазот.

(Дали срцето што гори како ѕвезда, веќе се брани?
Дали чувствата што треперат, таинствено се мешаат?
Секогаш остајат слаткиот мраз и ѕвездите таинствени?)

На гласните усни се рими, како музика тишината тресе,
И зборовите што ги испевам се светли и чисти.
Сепак, како таинството во дланките на времето ќе го чувствуваме,
Кога нашата поезија ги залива сите обрасци и чувства?

-   -   -

По мраката ноќ, ѕвездите како мислови сјаат,
И во сенките на денот, зборовите тајни се чуваат.
Со секој здив, животот како поезија тече,
Во моите стихови, таинствата на светот се откриваат.

(Дали лавиринтот на срцата се исчисти?
Дали мракот што нѐ опкружуваше, исчезна?
Секогаш останува магијата и необичните детали.)

На папирот, зборовите се додекаат како мелодија,
И звукот на нашата душа не е сѐ уште изгубен.
Сепак, како ли нашата прича во ветерот се губи,
Додека јазикот на нашата душа ги носи истините?

ВТОР РАСКРШЕН СОНЕТ

Нешто кое нема никој да го разбере пишувам,
доколку сите лозите си ги разграниме
во некојси латиничен затапен крај -
кај страшен јастреб ни колва прсти,
глув виј ни задушува глас,
и нашиот јазик
го каснува
стршлен.

(Бршлен
нараснува?
Та, ќе да е празник!
Се стопи ли западен мраз?)

Само на гласните усни цврсти
им останува зборот в непокорлив сјај.
Сепак, како ли речта да си ја одбраниме,
штом нашата челад везден туѓи букви издишува?

12/10/2023

ChatGPT-4: според драфт за „Прв раскршен сонет“, 2 песни

Скршена, разодена, во мрак траектор,
Се делиме како судоку зборовни,
Последниот слог на нашиот романтичен вектор,
Се чувствува ако губење на интимни моменти.

Вештината и умешноста се преплетени,
На пиедесталот на нашата приказна,
Ниту еден камен не е оставен непремен,
Додека се губевме в оваа нежна вечна игра.

Словата се римуваат како наши срца,
И пораката што ја праќаме е љубов,
Скокнуваме низ трње и грмушки корови,
Со Истол Улчар, секогаш во нашата мисла остануваме!

-   -   -

По патеката на времето тешко води,
Срцето мое како витка лодка плови.
Се руши мракот, но светлата вистина тајнствена,
Сѐ во бескрајното крепне, љубовта вечна.

Сонцето изгрева и просветлува светот,
Сѐ во моментот на безбројни секојдневни молитви.
Во светлината, допирот на твоите очи,
Одвежува ме во сонот на безкрајни мисли.

Иако темината може да го окупи нашето бреме,
Светлината внатре во нас ја прави сета разлика.
Скапоцени сме како драгоценост, секоја инчинка,
Сѐ во нашиот судбински траектор е вечна магија.

01/10/2023

ПРВ РАСКРШЕН СОНЕТ

на Кристијан Јордановски-Маднез

Како да се судоку, решавам равенки зборовни,
на ритамски абакус пребројувам слогови:
технички предизвици сега си давам,
зашто здодевна е чувственоста
што само баналност нуди.

Мислата скусена
многу збори -
стамен
камен
што говори
мантра избрусена.

Стиховни маневри луди:
умешност ја уби девственоста,
вештината на пиедестал ја ставам -
макар морал и да изминам трња глогови,
макар и кожа ми распарале грмушки коровни.

11/09/2023

ЦВЕЌЕ

Ми текнува пред години кога бевме мали:
сањавме за полни спортски ил' концертни сали -
враќања на бис или погодени пенали,
букети за подарок и историски анали.

Ми текнува ко мали кога не знаевме за битки,
кога посакувавме само глутници и китки
да нѐ спасат и бранат нас што сме здрави и витки
од лоша судба и подмолни удари плитки.

Мислевме сме доблесни и заслужуваме радост,
поленот да нѐ чисти од секаква гадост.
Но, надежите испарија штом напуштивме младост
и станавме свесни за нашиот грешки нанос.

Сега ретко кој би посакал да нѐ разгали
и да проба да ги процвета нашите души ситни.
Стрмоглаво си трчаме кон сопствената старост,
итајќи кон времиња што се сѐ повеќе банални.

10/09/2023

ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Перуец свири
италијански хит на
корзо в Марибор.

08/09/2023

30/07/2023

, АВТОБИОГРАФИЈА ЗА ВАРАВА СО БЛАГОТО

Варава е насекаде, а пак е за никаде -
би сакал да е таму каде мудрости не бликале

Вратот му е камен сè уште неизладен;
широко му раме, а во ноезете е издаден.

Времето го краде за во сласти да се искапе.

Трага од милост најде, со с'клет од себе изваден.
Рака за благо даде. Прашаш - зошто? Ќизнае...
Раатот му чмае в ќош, ептен изгњавен,
а благото ќе стане бриош, та побргу да се изеде!

К. В.

Комби брза кон
жолто. Зад него, Роми
туркаат кола.

ВЕЛЕС (дигитален колаж)


 

27/06/2023

УБИСТВЕНИ ПИСАТЕЛКИ

Да пукне! - двете,
и убија мушичка
меѓу дланките.

05/04/2023

ХЕЛЕН ФРАНКЕНТХАЛЕР + САЈ ТВОМБЛИ = ♡

Во гаќиве ми
е апстрактно сликарство,
од свршување.

25/03/2023

НИЕ СМЕ

архетипи на ликови во n-чинка,
недифинирани ко кроки на дилетантски драматург.
Суфлерот ни ги знае сите реплики,
а ние како првпат да ги гледаме.
Слепо повторуваме по него,
без приговор дали кажаното
е соодветно на оној кого го глумиме.

Ние сме неправилни режисерски насоки
и кичаста декорација на сценографијата.
Неопходните реквизите ги заборавивме в гардероба
зад сцената без паркет.

Ние сме театар во изградба
со 30 нови вработувања
и со анонимна директорка,
чија струка никако нема врска со културата,
ами со политикологијата или со економијата.

Ние сме куклена претстава,
чиј вентриликвист умрел
со дланките во нашите грбови или чмареви.

05/03/2023

ПРЕТЕНЦИОЗНА ИМПРОВИЗАЦИЈА

    Кога Ѕевс го казнил Сизиф, Мефистофел бил толку одушевен од апсурдот на клетвата, што се инспирирал нешто слично да спроведе на Земјата. Тој ги принудил чедата божји да си го носат со себе товарот на нивниот дом, без да можат никогаш да го испуштат од десната рака. На Ѕевс не му се допаднало тоа што Мефистофел казнил и купица невини луѓе. За жал, единствениот начин на кој се сетил да им помогне бил оној со кој го казнувал Прометеј – со таа разлика што птиците кои Ѕевс ги пуштил врз невините навистина успеале да им ги скратат маките, јадејќи им ги џигерите во целост, а (бога ми) и останатите органи. Ѕевс не знаел дека ова било токму она кон што Мефистофел целел: невините да му се придружат на неговит противник во Царството небесно, а злите да чекорат бесцелно по копното натоварени со нивниот дом, кого попусто ќе го преколнувааат да им ја откине десната рака.

09/01/2023

MIGRANTENSONETT

Man bereitet uns für Ausziehen vor -
unseres Heimatsland zu verlassen;
manchmal es auch dauerhaft zu hassen.
Seit langem hier man Hoffnung verlor.

Das Vaterland ist eher Stiefvater,
wenn es ihm nicht um seinen Kinder geht;
und will, dass jeder ihm Rücken zudreht.
Das Heim wird immer noch desolater.

Unsere neue Staaten aber sind
auch nicht so viel gastfreundlich und gelind.
Unsere Sprachen muss man vergessen.

Trotzdem, muss man nur all das ertragen
und sich niemals was sonst wäre fragen.
Man muss es tun - um öfter zu essen.