Желни ни треперат тела за туѓиот допир вжештен,
ко полен на прсти пчелини да се слепиме.
За од избрзан блуд да не прегориме,
успеваме да се воздржиме
веднаш да разоткриеме
тајни што очи не
можат да ги
кријат.
Бијат
срца, снаги
в страст - ум да почине!
Од врел грб нокти триеме,
колкови нажарени си држиме -
повтежите правилно си ги водиме.
По чинот замелушено гушнати лежиме -
таа ко дете озарена, јас ко лудак исклештен.
No comments:
Post a Comment