Генерал Војна (автор: Магнус)

16/10/2023

ШЕСТИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Сонливи привиденија се распослале по сводот:

на лаѓа од дожд морнарите буна кренале -
срамота капетан папагал да нема!

Брези никнале од облаците,
кај лилјаци свиле гнезда.

Капки дождовен брод
наврнале
призма,

в пизма
насрнале
зла од сивиот род -
бесна безбојна наезда
им се вдала на божилаците,
нетрпелива шаренило да снема.

На лебдечките дрвја гнездата им свенале.

Папагал со морнар на рамето го запловил бродот.

No comments:

Post a Comment