Генерал Војна (автор: Магнус)

26/10/2023

ИСЧЕЗНАТО СОНЦЕ

1.

Додека Марла Зингер ја набљудуваше
конечната смрт на општеството,
Демијан само привремено умираше.

2.

Бледите птици се збогуваа
со нивните трошни гнезда.

Недопиеното кисело вино се истури
врз овенатата неискосена трева.

Во плитката крајбрежна вода
се сруши каменото пристаниште.

Расплаканите осаменици се растопија
низ безличната толпа протестирачи.

Се проретчи редицата испотени бегалци
пред шалтерот во задушливиот ходник.

Зад бакарните жици на далноводите
одненадеж исчезна нашето Сонце.

Демијан и Марла Зингер
се преселија под некое друго Сонце.

No comments:

Post a Comment