Генерал Војна (автор: Магнус)

15/02/2012

ЗА МАГИ

Можам да ти подарам раскошен букет, но не знам дали си алергична на полен.
(според „Дарови“ од В. Мартиновски)

I

Сакам да се најдам
на твоите веѓи,
и таму да се чувствувам
како господар на светот.

Сакам да ги прогласам
твоите трепки за најмалиот
тобоган на светот.

Сакам засекогаш да
се изгубам во лавиринтот
од твоите пеги.

Сакам да си замислувам
дека во твоето грло
свири самиот Орфеј.

Сакам да се искачам
на твоите гради, и
таму да напишам:
„Исток беше тука“.

Сакам да халуцинирам
дека горам во
твојата коса со
боја на оган.

Сакам да ја воведам
убавината како нова физичка величина,
која ќе се мери во магдалени.
(Симболот би бил magi.).

Сакам твојот леден поглед
да го замрзне треперењето на моето тело,
кога ти се приближувам.

II

Помислувам на тебе
секогаш кога ќе погледнам
црвен капут.

Ми се пристирува,
или деновиве сите
носат по еден таков?!

III

Кога колонизаторите ќе
им се извинат на
своите некогашни колонии,

кога мажите ќе успеат
да ја истреста и
последната капка,

кога секое чудо ќе биде
со рок на траење
подолг од само три дена,

кога Тед ќе им каже
на своите деца како
ја запознал мајка им,

кога ќе ги знаеме оние
кои ги изградиле пирамидите,
а не само оние за кои тие биле изградени,

кога пензионерите попладне ќе се будат,
кога панкерите ќе престанат да се бунат,
кога Македонците ќе нема
за туѓите животи да судат;

Кога Естрагон и Владимир
ќе го дочечаат Годо,

кога Кинезите ќе направат
глобус во природна големина,

кога македонските фабрики
ќе чадат повеќе од
школскиот двор на С.У.Г.С. „...-Тито“,

кога девојките од минатиот век
нема да плачат на „Титаник“,

кога бабичките ќе престанат свеќиња да садат,
кога директорите ќе престанат да си ги ладат,
кога тапите од нашите вина лесно ќе се вадат,
ќе престанам да те љубам.

Ќе престанам да те љубам,
тогаш кога ти во мене ќе се вљубиш.

IV (математичко-љубовна минијатура)

Мојата љубов кон тебе е
голема колку број во периода.

3 comments:

  1. Kreativno , cisto , poeticno , mudro , sekojdnevna tema so nesekojdneven oblik , a i se gleda deka ne e pisuvana radi reda :)
    pozdrav Damjan

    ReplyDelete
  2. Многу сакаш...ама па и убајни сакаш...битно е да се сака...ко шо вели Александар Поповски, ’не сум нешто многу по љубовта, ама сакањето ми прај многу ќеф’ или така некако...битно е да има многу сакање...и да, Војнески сум, не Бојнески...ако веќе мора да стои моево име под ПАРОЛАТА или ДЕВИЗАТА ... за тоа Шопов ќе биде прописно наплескан...и да, да си жив и здрав and keep on rockin' C/:)->--<

    Александар

    ReplyDelete