Генерал Војна (автор: Магнус)

05/02/2012

МОИТЕ ФАНТАЗИИ...

Кога бев мал,
бев лидер на
анти-терористичка дружина,
во која единствено
јас бев реален член.

Кога бев мал
бев војник во кинеската армија
која секогаш имаше победничка стратегија
во борбите со Американците.

Кога бев мал,
бев син мутант вреботен во
специјална полициска единица,
и ги поседував сите моќи
што ги глеадаме во цртаните.

Кога бев мал,
бев нинџа-самотник
кој се хранеше со лешници,
а се миеше со свински сапун.

Кога бев мал,
бев мултимилијардер,
откако ќе ги соберев сите
пери од монополот.

Кога бев мал
бев прваче кое
ја слушаше Cleanin’ Out My Closet,
наместо да ја пишува домашната.

Кога бев мал,
бев романсиер кој
го избриша својот недовршен роман.

Кога бев мал,
бев каубец кој се бори против Индијанците
и обратно,
бев средновековен витез,
бев диносаурус со
боцки на грбот,
бев гепард,
бeв лондонски таксист,
бев развиен кечер со
костурска маска,
бев мрза што не сака
да си ги собере играчките.

No comments:

Post a Comment