Генерал Војна (автор: Магнус)

19/10/2023

СЕДМИ РАСКРШЕН СОНЕТ

Ноќта кротка го зави крајот в јасно ѕвездено ќебе:
секогаш така уморните ги погалува,
пожелувајќи им леко сладок, цврст сон.

Тивко заспаа и улиците:
замре џагорот вечерен -
место него ѕвони
едвај чуен
чекор.

Декор
светло буен
од луна се рони -
бел украс на ноќта верен.

Вијат надалеку глутниците.
Низ шините пишти железничкиот трон.

Перница мека уморните ги намамува,
со желба барем денеска да спијат ко сито бебе.

No comments:

Post a Comment