Нешто кое нема никој да го разбере пишувам,
доколку сите лозите си ги разграниме
во некојси латиничен затапен крај -
кај страшен јастреб ни колва прсти,
глув виј ни задушува глас,
и нашиот јазик
го каснува
стршлен.
(Бршлен
нараснува?
Та, ќе да е празник!
Се стопи ли западен мраз?)
Само на гласните усни цврсти
им останува зборот в непокорлив сјај.
Сепак, како ли речта да си ја одбраниме,
штом нашата челад везден туѓи букви издишува?
No comments:
Post a Comment