Генерал Војна (автор: Магнус)

11/05/2011

ТОА Е НИКЛЕ

Секогаш и сегде
Никле ќе доцни...
(според „Некогаш и негде“ од В. Јаневски)

Никле е најпедантен во одделение,
многу се расправа и
многу се прави важен.

Сака да разговара за автомобили, за софтвер
и за филмот ,,Шилдерова листа``,
дури и кога никој не го слуша.

По физичко сите се пресоблекуваме на брзина,
за разлика од него кој уредно ја дипли опремата.

Сите си заминуваме од училиште за неколку секунди,
а пак тој се средува уште десетина минути.

Сака се да биде по негово.
На пример, мора проектите да се прават
во македонска поддршка во Arial.

Кога некој ќе кивне... Не!
Пред да кивне му вели: ,,На здравје!``

Кога некој одговара со отворена книга,
му вели: ,,Со отоврена книга и јас знам!``

Омилени зборови му се:
кромањонец и мутант.

До пред некое време наместо ,,газ`` и ,,цицки``
викаше ,,задник“ и ,,гради“,
и воопшто не пцуеше!

Тоа е нашиот Никле!

No comments:

Post a Comment