Генерал Војна (автор: Магнус)

10/05/2011

ЕЛЕНА ОД КОЧАНИ

Елена живее во Кочани.
Така и ја викам, Елена Од Кочани,
за да ја разликувам од сите
други скопски Елени

Елена е мојот
редовен соговорник на чет.

Елена постојано, преку статус или дискрипшн,
свесно или несвесно (ќе да е ова првото)
ми се обраќа.

Елена е онаа со која си даваме теми за пишување,
иако таа ги пишува и тие теми што се за мене
и тие што сум и` ги дал јас,
а јас само велам: ,,Не ми текнува ништо, за сега...``
Ама и таа се жали на моите теми.

Елена може да напише песна
за најчудната работа,
иако не сака да пишува
за убавината на машкоста.

Елена не ги зачувува своите песни,
само моите (ваљда:).

Елена ја зафркава интернетот
и затоа се случува да не се поздравиме
кога ќе завршиме со
долготрајниот разговор ноќен.*

* - „Везилка“, Б. Конески

No comments:

Post a Comment