Генерал Војна (автор: Магнус)

10/05/2011

НЕ СЕ ПЛАШАМ

Не се плашам
да влезам во погрешен автобус.

Не се плашам
да снесам јајца од препелица.

Не се плашам
да се заљубам во фикусот кај В.

Не се плашам
да оплодам вонземјанка.

Не се плашам
да си ги запалам влакната на јајцата.

Не се плашам
да си ја крстам ќерката Зјаре.

Не се плашам
да поминувам пешачки премин на трепките.

Не се плашам
да возам хибриден автомобил
во безен полн со урина.

Не се плашам
да работам како наставничка по корејски
чија коса е зелена.

Не се плашам
да играм брејк-денс на подлога широка 2 cm.

Не се плашам
да ставам монета од 50 ден. во нечие уво.

Не се плашам
дали ќе ме згази возило на Брзата помош.

Не се плашам
на дајре да ја отсвирам
,,Child In Time“ од Дип Парпл.

Не се плашам
со други ангели да
го рецитирам Прешерн
на врв од игла.

Не се плашам
да ја ебам Меган Фокс додека
како Спајдер-мен висам со главата надолу.

Има многу работи од кои не се плашам,
ама се плашам дека ако сите ви ги кажам
нема да ми поверувате.

No comments:

Post a Comment