Генерал Војна (автор: Магнус)

10/05/2011

СОНУВАМ СТИХОВИ

Пред мене сé е мрачно.
Само во средината од видикот
постои само една светла точка.

Почнувам да рецитирам,
а стиховите се толку очајни,
што не личат на мои.
Но сепак,
чувствувам дека јас ги
смислувам и поврзувам,
дека не се нечии, туку мои...

Светлата точка се зголемува
и ги здогледувам сите мои блиски,
и тие што ги сакам, и тие што не,
и живите, и починатите...

Стиховите кои ги рецитирам
стануваат се помалку очајни,
 за потоа да се претворат во сосема реални,
опишувајќи ги
личностите и местата што ги гледам.

По овие обични слики,
се појавува Таа,
носејќи ги со себе сите
мои компарации и метафори:
усни црвени како јагода,
очи како две сини камчиња...

И... се будам!

No comments:

Post a Comment