Генерал Војна (автор: Магнус)

11/05/2011

ЉУБЉАНА

првите 4 строфи и последните 2 стиха од 5. се по вистинит настан

Студентско одморалиште
во кое сме сместени е
подобро среден од сите
македоснки хотели... заедно!

Во собата има постер
со натпис: Uživaj s kondomom!

Се шетаме по улицата,
која ќе ја именувам ул. Томаж Хосник.
Десно од мене, на ѕидот,
некој антикомунист напишал:
Who the fuck is Tito?
Си велам, Тито е еден од
браќата на Мајкл Џексон.

Позади мене, ја слушам
тетка ми како и` вели на мајка ми:
,,Еве ти ја Љубљаница,
еве ти го Град,
еве ти го Тромостјето!
Толку е! Да бевме во Битола,
ќе имаше повеќе за покажување!``

Како во бајка, околу мене
се разлетуваат неколку зелени змејови.
Два полетуваат од мостот, а еден од
мојата маица со натпис ,,Словенија``,
која цело лето ја носев низ Хрватска.

Звукот кој го предизвикуваат нивните крила,
се меша со ненаштиманите гитари на
уличните свирачи на плоштадот,
кои не знаете претставниците на
кој пол сакаат да ги импресионираат,
ако земеме во предвид дека повеќето
уличните свирачи се машки.

Од секој угостителски објект
не ечи новокомпонирана музика
и ниту еден маж не пие пиво.
Затоа, претпоставувам дека
можеме да си претставиме
како изгледа еден љубљански разговор.

Тоа е Љубљана,
или пак, само полу-вистински приказни за неа.

No comments:

Post a Comment