Генерал Војна (автор: Магнус)

10/05/2011

ЏВАКАЊЕ И...

Не сносам одговорност ако на читателот му се пријаде.

Во устата ставам
топло меко парче
солен пилешки батак.

Додека кротко го ситнам
со моите немиени заби,
го полевам со ладна кока-кола.

Обожавам кога ми го сече грлото.

На парчето месо
му се придружуваат
неколку паршиња
пржен компир.

Целата храна сега
безгрижно се капе
во мојата плунка,
а мојот јазик за
нив е чамец кој
нежно ги лула.

И оддендаш,
пропаѓаат во дупка,
од која продолжуваат
низ разни тунели
во кои ја губат својата форма,
и се претвараат во
најразлични поими од биологијата.

No comments:

Post a Comment