Генерал Војна (автор: Магнус)

10/05/2011

ШТО СЕ СЛУЧУВА ПРИ ЕМИТУВАЊЕ ПОРНОГРАФСКИ ФИЛМ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА

Оганот во каминот е разгорен
исто како страста во неа.

Прво ја разбушавува својата густа руса коса,
а потоа диво ја соблекуа својата лесна облека,
откривајќи ја својата мазна кожа,
своите бујни гради
и тетоважата-змеј лево од папокот,
допрена од сјајните бисери на долгиот ѓердан.

Зад неа се приближуваат
две машки усни залепувајќи се
на нејзиниот врат.
Две машки влакнести дланки
го покриваат стомакот,
и продолжуваат нагоре, кон градите.

Од неговите усни
прострујува топол здив
кој се лепи за женскиот грб.

Девојката испушта звук
како да ужива во некаква блага болка.

Поради преексплицитните сцени
ја прекинуваме регуларната програмата.
Во етерот вклучуваме документарен филм
за шпанскиот сликар Салвадор Дали.

(Најавна шпица)
С. Дали бил роден на 11 мај 1904 година
во Фигерас, Шпанија.
Дали бил суреалист, познат по
своите многу бизарни дела.
...

Се вклушуваме повторно
на регуларната програма.

Двете голи фигури се најдени
на стариот бродски под,
испуштајќи звуци на олеснување.
Врз градите на девојката има
неколку дамки од топла бела течност.

No comments:

Post a Comment