Генерал Војна (автор: Магнус)

08/09/2012

ИДРИЗОВСКИ ХРОНИКИ

Ноќта веќе одамна беше спуштена над Скопје. Повеќето негови жители веќе спиеја, или, пак, доживуваа оргазми во воите кревети. Се разбира, имаше и такви кои дури сега се враќаа пијани од ноќните клубови, зарипанто пеејќи или турбо-фолк, или навивашки песни. Имаше и помали групи на личности кои, условно речено, ги мереа улиците и разговораа за смилсата на животот, национал-социјализмот и биолошките промени кои еден оргнаизам ги претрпува низ животниот циклус. Што и да се случуваше во Скопје, никој не помисли на затворениците во затворорт „Идризово“.

            - Во бестрага да оди ќелијава! Секој ден, исто! Живототв ми е здодевен како „Хајди“! - пцуеше Ангеле.
            - Кој е Хајди?! - со италијански кацент рече човекот од соседната ќелија, кој штотуку беше затворен.
            - Хајди е лик од роман, која преку целото дејство на книгава патува од планинаите до Фракнфуст, и назад. Инаку, јас сум Ангеле, мило ми е.
            - Јас сум Луиџи од Рома. No Milano-ntika, no Napoli-ntika, Roma-ntika! Јас не знае добро мачедонски, ама разбира сешто. А ти зошто си затворена? - одврати Луиџи.
            - Тоа е долга приказна.
            - Има време.
            - Епа вака... Јас, како мал, многу ја сакав мајка ми, зашто само со неа израснав, без татко. Ја глеав како Богородица, како светица, како нешто најневино на светот. Идол ми беше.  Ме разбираш? - несигурно праша Ангеле.
            - Да, да, продолжи, нема проблем. - го охрабри Луиџи.
- Во ред, тогаш. Бев многу мал, кога една вечер, ме разбуди нешто од нејзината соба. Тоа беше мајка ми како испушта звуци додека водела љубов. И јас, дете како дете, се исплашив да не í стане нешо, отидов до нејзината соба, ја отворам вратата, гледам, мајка ми има анален секс со некој човек, маж. Јас, тогаш, фала богу, не знаев што е секс, ама нешто ми велеше дека тоа што го прави не е во ред. Сексот ќе го проголтав, ама тоа го правеше со еден човек што го имам гледано на телевизија. Подоцна сфатив дека тој човек е политичар, некој пратеник беше, некое лево сметало. По десетина години, јас почнав, без причина, односно тогаш не ја знаев причината, да палам слики со политичари, кинев плакати од предизборните кампањи, неколку пати дури и телевизорот го кршев кога мајка ми ќе гледаше парламент. Почна да ме носи на психолози, за тие да кажат дека ова ми е пубертетска фаза која набрзо ќе помине, дека желбата за анархија и бунт е нормална кај младите на мојата тогашна возраст, глупости! Во тој период почнав да сонувам еден кошмар: Стаљин води љубов со Џенис Џоплин. Психолозите не знаеја за овој мој сон, а јас не го поврзав со тоа шо го видов во спалната на мајка ми. Инаку, Џенис Џоплин ми е најомилена жена, по мајка ми. А и мајка ми многу ја сакаше Џоплин. По шест години, испадна дека не е  само фаза. Тогаш го убив мојот прв човек.
            - Си убил помногу од еден?! - се зачуди Луиџи.
            - Па, фала богу! И не ме прекинувај! Човекот што го убив беше истиот тој со кој мајка ми имаше секс тогаш. Беше стар и надвор од политиката, па затоа беше едноставно да го забодам со нож од позади, исто како што тој својот пенис í го ставаше на мајка ми од позади. Извесен период се распрашував каде живее, едно-друго, и една вечер го начекав како се враќа дома, и го убив. Тој беше стар, ама кој-знае од каде се враќал таа вечер. Можеби имал односи со некоја друга млада убава русокоса, каква што беше мајка ми. Откоа го убив, телото го ставив под споменикот „Синфонија на мирот“, спроти гимназијава „Јосип Броз-Тито“. Му го отсеков пенисот. Телото го оставив таму зашто психолозите викаа тогаш нешто како, јас сум анархист, ова-она, а ова дека „Симфонија на мирот“, па божем јас го растурам мирот, а всушност се одмаздував за тоа што í го сторија на мајка ми. Пенисот му го отсеков за да не може да води љубов ни на оној свет.
- Кога ќе биде кај Дио? - се насмеа Луиџи.
- Да, кај него. Кога се вратив дома, пенисот го ставив во тегла и неа ја наполнив со алкохол. Нa теглата залепив ливче со неговото име, функција и годината на вршење на истата. На мајка ми тоа í го праваше од позади, и таа да не се побуни! Сигурно се плашела дека ќе ја повреди, или нешто... Кутрата, пет дена плачеше кога í кажав дека го убив тоа старо копиле. Не можеше да разбере дека тоа го правам зашто ја сакам, зашто тој, и сите како него треба да ја добијат заслужената казна! Колку беше наивна... Потоа и умре од тоа. Но, јас продолжив со мојата мисија, од бога, то ест, од Дио дадена. Како што продолжував да убивам политичари, си задавав сé повисоки и повисоки мети. Следниот беше уште еден пратеник, потоа претседателот на собранието, па градоначалникот на Скопје, па неколку министри, заменикот претседател, други пратеници, новите министри... Колку што метите стануваа повисоки, толку беше потешко да се убијат. Луѓето си имаа наредено обезбедување, камери, телохранители околу нив, сето тоа треба да се успие, да се исклучат камерите... Па, некои помалди, се обидуваат да дадат отпор... Затоа, често се вработував кај моите мети, како шофер. А ако ме одбиваа, постоеше и друго решение: снајпер! Нема шанси да те видат! А кај тие кај кои работев: цијанид во супата, перница на лицето, фен во кадата... Ниту собарките не ги сакаа премногу, па затоа ми беше лесно да соработувам со нив. Сите гледаат кој би имал интерес од неговото наследство, а никој не ги следи стапките на Поаро. Тој е единствениот маж на кој му се восхитувам. Како тој може да ги процени луѓето и ситуацијата, а ниту обдукција не му е потребна!
- И јас го восхитува Поаро. Моја фаворит е „Убиство во ориент-скпрес“! - рече Луиџи.
 - Сите тела ги носев до скулптурава, им ги сечев пенисите, и ги ставав во тегли со алкохол или со формалин со соодветните натписи на нив: „тој и тој, министер за одбрана, 2009 г.; тој и тој, пратеник од таа партија, 2010 г.; итн. Во подрумот си направив цела колкеција. Во весниците ме пишуваа како Анархистот. Глупаво име, не ме разбираа, и уште не ме разбираат! Никој не ме разбира! - се разбесни Ангеле.
            - Јас те разбирам, но до крај не. Јасно е зошто го уби првиот човек, но зошто си продолжил?
            - А, што мислиш, тие немале полови односи со жена?! Да одат по ѓаволите, на колку жени им ја одзеле невиноста! Ќе ги заведат на најподли начини, ќе имаат секс, и потоа ќе ги остават ко да не постојат! А тие наивини, се вљубуваат во нив, и потоа страдаат! Страдаат по такви погани личности! Но, ме правеше среќен помилсата дека секој од нив наскоро ќе биде мртов, и без пенис! - налутено солзеше Ангеле.
            - Но, тоа се не случува само кај политичари. - продолжи Луиџи.
            - Па, јас не видов некој друг во спалната на мајка ми таа ноќ! Не се обидувај да ме разубедиш дека не сум во право! Сето тоа што го правам е оправдано, да ги заштитам жените, девојките, бабите! Ги заштитувам од најперверзините манијаци во Македонија! Низ нишанот на снајперот, а и како шофер, видов многу работи: удари од камшици, заврзување со ланци, маски на прасиња, уринирања на лицето на девојката, прскања со млеко, мирисање на долната облека на девојката, најболните садо-масохизми и најнастраните фетишзми, кои ниту Тарантино не може да ги смисли кога е под дејство на најквалитетносто Ел-Ес-Де! Само за да ги заштитам, и ти се осмелуваш да ми кажеш дека не сум во право?!
            - В ред, в ред, се не лути! А што е со премиерот и престедателот на Мачедонија? Дали и нив си ги уби?
            - И нив ги убив. Тие двајца ми беа најголем предизвик. Ми требаше околу една година за да ги убијам. Најпрво се зачленив во нивната партија. Многу страстно се буткав за да стасам во нивна близина. Бев подлизурко, водев битки со тие што ми стоеја на патот, а ако не помагаше тоа, убивав. Глупаците не се сомневаа во мене. Зошто некој би ги убиавл луѓето од својата банда, мислеа. За да дојде на нивно место, просто како грав! Глупаци! И така, дојдов до работно место блиску до премиерот и претседателот. Некој заменик, секратар, поим немам што бев, важно канцеларијата ми беше до нив. Министерот за внатрешни работи дури и се израдува што Анархистот се пензионирал. Колку е глупав! Не ти кажав дека сите претходни жртви ги убив кога се враќаа дома. Овие двајца ги убив на работа, во згрдата на владата. Но, не беа сами во смртта. Значи, одам по ред. Успеав, на црно, да набавам бомба, која се активира на далечинско. Не одбројува, одма пука и уништува површина која беше нешто помала од површината која ја зафаќа зградава. Не паметам броеви, не знам колкава беше Владата, ниту бомбата колку растураше. Кој ги има сите клучеви до една зграда? Чистачките... Најдов една, í го побарав клучот. Беше многу поласкана што ми е потребна нејзина помош. Важен човек бев јас тогаш. Одам во подрумот, ја ставив некаде бомбава, и чекам двајцата да бидат во зградава. Ти се верува ли дека околу месец им требаше, двајцата да бидат на работа, во исто време. Ама кој чека, ќе дочека. Веднаш штом видов дека двајцата се на работа, јас заминав. Се оддалечувам на безопасно растојание, и го притискам копчето. Владава ја снемува! Умираат и претседателот, и премиоерот, и сите нивни блиски и не толку блиски колеги! Се враќам кај рушевините, сите се во шок, а бројот на шокирани се зголемува со секоја кола шо ќе помине оттука. Се чувствував како да сум ја урнал Бастиља. И имаш тука најразлични возидшки од насобраниов народ, јас, мртов-ладен, земам едно парче, мало парче, од рушевините, зашто глупо ќе беше да им ги барам телата на моите две последни мети, и да ги влечам до „Симфонија на мирот“, па затоа, со парчето од зградата на валдата, отидов накај скулпутарата, и таму го оставив парчето. Го убив целиот државен врв! Ја одмаздив мајка ми да крај! Но, ми остана уште една задача, која сакав да ја извршам во нејзина чест. Вечерта, отидов во едно кафуле на чаршија, пивнав малку, се кашив на малата сцена која беше поставена во кафулево, ја испеав „Mercedes-Benz“ од Џенис Џоплин, за што мајка ми се вика Мерцедес, и се вратив дома. Сабајлето отидов во полиција и се пријавив за сие убиства. Им требаше многу време да ми поверуваат и да ме осудат, јас за тоа време си убивав луќе од власта, онака, како на бис, ама полицијата ја известував: „го убив овој човек, го убив оној човек“. По некое време, ме осудија на доживотно, и сега сум овде, пред тебе.
- Ми се допаѓа ти! Си интересен човек, со интересни мисли! - се воодушеви Луиџи.
- Сега тебе ти е редот да ми кажеш зошто си упасен. И зошто си Италијанец во македонски затвор? - праша Ангеле.
- Мене апселе за погрешно паркирање. Но, после полицаец сети се оти јас го уби папа. Се ожени в Мачедонија, но по јас има светска... - прекина Луиџи.
-  Потерница? - дополно Ангеле по кратка пауза.
- Да. А тука живее јас, тука и ме апсија.
- Интересно како судбината нé спои мене, кој ги убив моите политичари, и тебе, кој го уби твојот папа!
- Вистина!
- Како успеа да се најдеш во негова близина за да го убиеш!
- Јас го познавав тој. Кога бевме мал, учеле сме во исто школо. Беше многу лош дете. Секога тепаше другите, крадеше одкај другите, кажуваше лоши работи кон другите! Пред да станува папа, се вика тој Џовани. Еден ден тепаше тој мене кога се одев дома, и ме скрши коската во раката. Беше толку силно, и коската излезе низ кожата. Имам белег од тоа.
Луиџи му го покажа белегот на левата рака.
- Имаше една девојка, беше негова девојка, многу убава, но и глупава многу. Се вика Микела. Таа го следеше во сешто што ќе напревеше Џовани: тепаше другите девојки, кажуваше неубави зборови кон нив... Го правеше таа тоа, бидејќи таа сакаше него, вљубена со него. Кога Џовани замина на факултетот за теологијата, и Микела замина натаму. Џовани велел да постане свештеник, и дека многу пари ќе има. И успеа тоа! Успеа папа да постане, а Микела калуќерка постана. Тоа се случи по многу време, бевме стари луѓе ние три. Иако станаа свештените лицата, продолжија со врската својата, и љубовната и сексуланата. Сите тоа го знале, но никој доказите немаше. Јас цел мој живот посветив на одмазда кон него. Секој ден правев еден план за убидам Џовани. По многу тежок начин, и многу долго време, успеа јас да стаса до Џовани. Името му беше Јован Павле III. Божиќ е, кога го сретна јас персонално. Речев му да смириме и дека сака јас да го однесе него и Микела некаде да ги чести јас. На почетокот сомневаше малку в мене, но после, изгледа, помислил јас глупав, не можам да му наштетам, и прифати тој. Околу ние беше голем обезбедувања. Мораше дури да резервираат сите местата во ресторан. Јас носев бомбата што заспива. Ја фрлив во ресторан неа, и ослободи невидливи гасот и ги заспала луѓе. Додека тоа случувало се, јас сум во тоалет. По неколку минутки, излегувам. Џовани и Микела ставам ги во багажникот од кола мојата, а обезбедувањата ги оставам да поспијуваат. Се враќав во дома. Во подрумот од домата моја имам крст, со дупка во долни делот на крстот. Џовани и Микела уште спијат и јас ги однесувам во подрумот. Ги соблекувам голи, до кожата нивна. Ги распнувам на крстот со јажето едниот спроти другиот. Нанправив тоа за да курето на Џовани го ставив в дупчето на Микела, преку дупката на крстот. Ги истурам со кофата со водата. Тие се разбудуваат. Каде се не знаат. Им велам: „Света вода е тоа не!“. Џовани почна да му се дига курето кога постана буден. Во подрум имам грамофон. Ја пуштив плочата „Wormwood“ од Residents, затоа што песните од таму поврзани се со лошата страната од Библија. Residents многу интересен луѓе се, треба да ги слушнеш нивните музики. Овие почнуваат да викаат, да молат мене да ги пуштам, да колнат мене зошто сум ги излажал. Микела почна да плаче. Но, јас продолжив, како тие неми се. Мораше да се одмазда, не само поради јас, туку поради и мои другарите на училиште. Со жешко железото низ нивните кожа извадоци од оригиналниот Откровение Јованово пишував. Уживам во звукот од спржување на нивната кожата по секоја буква испишана. Повиците нивни за помош и криковите кога ги болка компонираат најгенијална сонатата в историја. Го правам тоа и им рекувам: „Умирате на тоа што му се молите! Умирате од тоа што го читате! Умирате во тоа што го славите! Умирате од тоа што лажете дека го правите не!“
- Што е тоа што го прават, а лажат дека не го прават?! - праша Ангеле.
-Па, водење љобовот. На нивни кожата не останува место за пишување. Тие продолжуваат плачење, колнење, молење, пцуање... Јас крстот, со нив на него, го вратив во багажникот од кола мојата. Возам до влез на Ватикан и тука фрлам ги. Беше Божиќ - беше ладна зима! Обезбедувањата пријавила мене в полиција. Во весници пишувале мене „антихрист“. И мене не ме разбируваа, како тебе. Полиција објавиле светска... по-тер-ни-ца. Сум побегнал Мачедонија. Тука женам се со Саманта, многу убава девојче, мачедонско! Сум го учел јазикот. После малку години ме апселе, и сега треба да депортираат мене во Рома.
Тогаш кон ќелиите на Ангеле и Луиџи се пиближи двајца полицајци.
- Итаљан, тебе сеа ќе те депортираат у твојата романтика! Ангеле, ти со мене доаѓаш!
Ги отклучи ќелиите. Полицецот веднаш му стави лисици на Ангеле, а истото му го направи и вториот на Луиџи. Двајцата затвореници се поздравија и беа однесени во спротивни правци. Ангеле беше одведен во една мрачна просторија, каде што го чекаше затворскиот бербер покрај столот за шишање и огледалото. Тие две паршиња меделб беа единстентот нешто што беше осветлено во просторијата. Берберот злобно се смееше, покажувајќи ги своите жолти заби. Полицецот го седна Ангеле на столот. Берберот почна да му ја шиша неуредната коса, а потоа и со брич му ја помина главата. Од берберскиот стол, веднаш беше префрлен на електричниот, кој Ангеле до тогаш не го забележа.
- Последна желба? - ладно праша полицацот.
- Би било љубезно од нашиот претседател да ме држи за рака додека умирам. - цинично одговори Ангеле.



АЛТЕРНАТИВЕН КРАЈ:

(...) Од берберскиот веднаш беше префрлен на електричниот, кој Ангеле до тогаш не го забележа. Тогаш, се изгасна светилката над берберот. Снема струја! 

No comments:

Post a Comment