Генерал Војна (автор: Магнус)

08/09/2012

РОК-ЕН-РОЛ ОМАЖИ

Додека мојата гитара нежно плаче, бубачките ѝ се придружуват на Луција во небото со дијаманти. Ќе патувам преку вселената, само за да ја видам како стои онаму, смело кравјќи ја втората рок-ен-рол револуција.

Кога ќе ги искачиш скалите кон рајот, насмевни му се на ледениот цепелин кој го пара кашмирски синотот небо, но чувај се од жестоките напади на црното куче.

Секој човек, доколку ја постигне нирваната, може да го пронајде парчето литиум кое мириса на тонејџерски дух, и да се претвори во бескрајна, безимена личност.

Сакам да се ослободам од кралицата на која ѝ е потребна само една визија за да го предвиди Блесокот. Оваа ноќ, во операта, луѓето ја слушаат Боемската рапсодија, додека далеку од нив, уште еден ја гризнува правта.

На престолот нека се најде брзиот крал со машинска глава. Огнената топка нека е затскриена од чадот над водата, додека гори мрзеливо во пурпурно виолетовата маса, од каде ќе биде во карпа закопана.

Дивизијата на радоста ја прочисти атмосферата, со што љубовта ќе биде спречена да нè раздели.

Посакувам да си овде, додека сјајот на твојот луд дијамант ја осветлува темната страна на месечината, додека пука тенкиот мраз над езерската шир, додека врз урнатините на Ѕидот на плачот се гради Ѕидот на смеата, доденка Пинк Андерсон и Флојд Каунсил го свират нивниот блуз...

Кога музиката ќе заврши, затвори ги сите врати во твојот дом, и премини на другата страна, зашто ова е крајот, пријателе.

No comments:

Post a Comment