Рок-ѕвезда е
мајка ми моја.
Џон Ленон може да
í носи вода.
Придружена од
аплауз,
на предавање
доаѓа.
Опколена од
новинари,
од амфитеатарот
поаѓа.
Микрофони и
камери,
кон неа се
насочени.
Прашања за
јазикот,
кон не се
посочени.
Меѓу нив, неколку
фанови,
на лингвистиката
предадени -
со лист и
пенкало,
за автограм
подадени;
Од семинар во
Полска
само што се
врати,
а веќе во
роковникот
нова графа
зафати.
Секој зборлест
пратеник
гори од љубмора,
кога на ТВ ил’ в
весник
таа ќе го засени
со 2 збора.
(Дури и
пензионерите се
откажаа од
Собранискиот канал,
за да можат
нејзините изјави
да ги слушаат
сал.)
Рок-ѕвзеда е
мајката моја.
Елвис Присли може
да í носи вода.
No comments:
Post a Comment