Генерал Војна (автор: Магнус)

08/09/2012

ИДРИЗОВСКИ ХРОНИКИ

Ноќта веќе одамна беше спуштена над Скопје. Повеќето негови жители веќе спиеја, или, пак, доживуваа оргазми во воите кревети. Се разбира, имаше и такви кои дури сега се враќаа пијани од ноќните клубови, зарипанто пеејќи или турбо-фолк, или навивашки песни. Имаше и помали групи на личности кои, условно речено, ги мереа улиците и разговораа за смилсата на животот, национал-социјализмот и биолошките промени кои еден оргнаизам ги претрпува низ животниот циклус. Што и да се случуваше во Скопје, никој не помисли на затворениците во затворорт „Идризово“.

            - Во бестрага да оди ќелијава! Секој ден, исто! Живототв ми е здодевен како „Хајди“! - пцуеше Ангеле.
            - Кој е Хајди?! - со италијански кацент рече човекот од соседната ќелија, кој штотуку беше затворен.
            - Хајди е лик од роман, која преку целото дејство на книгава патува од планинаите до Фракнфуст, и назад. Инаку, јас сум Ангеле, мило ми е.
            - Јас сум Луиџи од Рома. No Milano-ntika, no Napoli-ntika, Roma-ntika! Јас не знае добро мачедонски, ама разбира сешто. А ти зошто си затворена? - одврати Луиџи.
            - Тоа е долга приказна.
            - Има време.
            - Епа вака... Јас, како мал, многу ја сакав мајка ми, зашто само со неа израснав, без татко. Ја глеав како Богородица, како светица, како нешто најневино на светот. Идол ми беше.  Ме разбираш? - несигурно праша Ангеле.
            - Да, да, продолжи, нема проблем. - го охрабри Луиџи.
- Во ред, тогаш. Бев многу мал, кога една вечер, ме разбуди нешто од нејзината соба. Тоа беше мајка ми како испушта звуци додека водела љубов. И јас, дете како дете, се исплашив да не í стане нешо, отидов до нејзината соба, ја отворам вратата, гледам, мајка ми има анален секс со некој човек, маж. Јас, тогаш, фала богу, не знаев што е секс, ама нешто ми велеше дека тоа што го прави не е во ред. Сексот ќе го проголтав, ама тоа го правеше со еден човек што го имам гледано на телевизија. Подоцна сфатив дека тој човек е политичар, некој пратеник беше, некое лево сметало. По десетина години, јас почнав, без причина, односно тогаш не ја знаев причината, да палам слики со политичари, кинев плакати од предизборните кампањи, неколку пати дури и телевизорот го кршев кога мајка ми ќе гледаше парламент. Почна да ме носи на психолози, за тие да кажат дека ова ми е пубертетска фаза која набрзо ќе помине, дека желбата за анархија и бунт е нормална кај младите на мојата тогашна возраст, глупости! Во тој период почнав да сонувам еден кошмар: Стаљин води љубов со Џенис Џоплин. Психолозите не знаеја за овој мој сон, а јас не го поврзав со тоа шо го видов во спалната на мајка ми. Инаку, Џенис Џоплин ми е најомилена жена, по мајка ми. А и мајка ми многу ја сакаше Џоплин. По шест години, испадна дека не е  само фаза. Тогаш го убив мојот прв човек.
            - Си убил помногу од еден?! - се зачуди Луиџи.
            - Па, фала богу! И не ме прекинувај! Човекот што го убив беше истиот тој со кој мајка ми имаше секс тогаш. Беше стар и надвор од политиката, па затоа беше едноставно да го забодам со нож од позади, исто како што тој својот пенис í го ставаше на мајка ми од позади. Извесен период се распрашував каде живее, едно-друго, и една вечер го начекав како се враќа дома, и го убив. Тој беше стар, ама кој-знае од каде се враќал таа вечер. Можеби имал односи со некоја друга млада убава русокоса, каква што беше мајка ми. Откоа го убив, телото го ставив под споменикот „Синфонија на мирот“, спроти гимназијава „Јосип Броз-Тито“. Му го отсеков пенисот. Телото го оставив таму зашто психолозите викаа тогаш нешто како, јас сум анархист, ова-она, а ова дека „Симфонија на мирот“, па божем јас го растурам мирот, а всушност се одмаздував за тоа што í го сторија на мајка ми. Пенисот му го отсеков за да не може да води љубов ни на оној свет.
- Кога ќе биде кај Дио? - се насмеа Луиџи.
- Да, кај него. Кога се вратив дома, пенисот го ставив во тегла и неа ја наполнив со алкохол. Нa теглата залепив ливче со неговото име, функција и годината на вршење на истата. На мајка ми тоа í го праваше од позади, и таа да не се побуни! Сигурно се плашела дека ќе ја повреди, или нешто... Кутрата, пет дена плачеше кога í кажав дека го убив тоа старо копиле. Не можеше да разбере дека тоа го правам зашто ја сакам, зашто тој, и сите како него треба да ја добијат заслужената казна! Колку беше наивна... Потоа и умре од тоа. Но, јас продолжив со мојата мисија, од бога, то ест, од Дио дадена. Како што продолжував да убивам политичари, си задавав сé повисоки и повисоки мети. Следниот беше уште еден пратеник, потоа претседателот на собранието, па градоначалникот на Скопје, па неколку министри, заменикот претседател, други пратеници, новите министри... Колку што метите стануваа повисоки, толку беше потешко да се убијат. Луѓето си имаа наредено обезбедување, камери, телохранители околу нив, сето тоа треба да се успие, да се исклучат камерите... Па, некои помалди, се обидуваат да дадат отпор... Затоа, често се вработував кај моите мети, како шофер. А ако ме одбиваа, постоеше и друго решение: снајпер! Нема шанси да те видат! А кај тие кај кои работев: цијанид во супата, перница на лицето, фен во кадата... Ниту собарките не ги сакаа премногу, па затоа ми беше лесно да соработувам со нив. Сите гледаат кој би имал интерес од неговото наследство, а никој не ги следи стапките на Поаро. Тој е единствениот маж на кој му се восхитувам. Како тој може да ги процени луѓето и ситуацијата, а ниту обдукција не му е потребна!
- И јас го восхитува Поаро. Моја фаворит е „Убиство во ориент-скпрес“! - рече Луиџи.
 - Сите тела ги носев до скулптурава, им ги сечев пенисите, и ги ставав во тегли со алкохол или со формалин со соодветните натписи на нив: „тој и тој, министер за одбрана, 2009 г.; тој и тој, пратеник од таа партија, 2010 г.; итн. Во подрумот си направив цела колкеција. Во весниците ме пишуваа како Анархистот. Глупаво име, не ме разбираа, и уште не ме разбираат! Никој не ме разбира! - се разбесни Ангеле.
            - Јас те разбирам, но до крај не. Јасно е зошто го уби првиот човек, но зошто си продолжил?
            - А, што мислиш, тие немале полови односи со жена?! Да одат по ѓаволите, на колку жени им ја одзеле невиноста! Ќе ги заведат на најподли начини, ќе имаат секс, и потоа ќе ги остават ко да не постојат! А тие наивини, се вљубуваат во нив, и потоа страдаат! Страдаат по такви погани личности! Но, ме правеше среќен помилсата дека секој од нив наскоро ќе биде мртов, и без пенис! - налутено солзеше Ангеле.
            - Но, тоа се не случува само кај политичари. - продолжи Луиџи.
            - Па, јас не видов некој друг во спалната на мајка ми таа ноќ! Не се обидувај да ме разубедиш дека не сум во право! Сето тоа што го правам е оправдано, да ги заштитам жените, девојките, бабите! Ги заштитувам од најперверзините манијаци во Македонија! Низ нишанот на снајперот, а и како шофер, видов многу работи: удари од камшици, заврзување со ланци, маски на прасиња, уринирања на лицето на девојката, прскања со млеко, мирисање на долната облека на девојката, најболните садо-масохизми и најнастраните фетишзми, кои ниту Тарантино не може да ги смисли кога е под дејство на најквалитетносто Ел-Ес-Де! Само за да ги заштитам, и ти се осмелуваш да ми кажеш дека не сум во право?!
            - В ред, в ред, се не лути! А што е со премиерот и престедателот на Мачедонија? Дали и нив си ги уби?
            - И нив ги убив. Тие двајца ми беа најголем предизвик. Ми требаше околу една година за да ги убијам. Најпрво се зачленив во нивната партија. Многу страстно се буткав за да стасам во нивна близина. Бев подлизурко, водев битки со тие што ми стоеја на патот, а ако не помагаше тоа, убивав. Глупаците не се сомневаа во мене. Зошто некој би ги убиавл луѓето од својата банда, мислеа. За да дојде на нивно место, просто како грав! Глупаци! И така, дојдов до работно место блиску до премиерот и претседателот. Некој заменик, секратар, поим немам што бев, важно канцеларијата ми беше до нив. Министерот за внатрешни работи дури и се израдува што Анархистот се пензионирал. Колку е глупав! Не ти кажав дека сите претходни жртви ги убив кога се враќаа дома. Овие двајца ги убив на работа, во згрдата на владата. Но, не беа сами во смртта. Значи, одам по ред. Успеав, на црно, да набавам бомба, која се активира на далечинско. Не одбројува, одма пука и уништува површина која беше нешто помала од површината која ја зафаќа зградава. Не паметам броеви, не знам колкава беше Владата, ниту бомбата колку растураше. Кој ги има сите клучеви до една зграда? Чистачките... Најдов една, í го побарав клучот. Беше многу поласкана што ми е потребна нејзина помош. Важен човек бев јас тогаш. Одам во подрумот, ја ставив некаде бомбава, и чекам двајцата да бидат во зградава. Ти се верува ли дека околу месец им требаше, двајцата да бидат на работа, во исто време. Ама кој чека, ќе дочека. Веднаш штом видов дека двајцата се на работа, јас заминав. Се оддалечувам на безопасно растојание, и го притискам копчето. Владава ја снемува! Умираат и претседателот, и премиоерот, и сите нивни блиски и не толку блиски колеги! Се враќам кај рушевините, сите се во шок, а бројот на шокирани се зголемува со секоја кола шо ќе помине оттука. Се чувствував како да сум ја урнал Бастиља. И имаш тука најразлични возидшки од насобраниов народ, јас, мртов-ладен, земам едно парче, мало парче, од рушевините, зашто глупо ќе беше да им ги барам телата на моите две последни мети, и да ги влечам до „Симфонија на мирот“, па затоа, со парчето од зградата на валдата, отидов накај скулпутарата, и таму го оставив парчето. Го убив целиот државен врв! Ја одмаздив мајка ми да крај! Но, ми остана уште една задача, која сакав да ја извршам во нејзина чест. Вечерта, отидов во едно кафуле на чаршија, пивнав малку, се кашив на малата сцена која беше поставена во кафулево, ја испеав „Mercedes-Benz“ од Џенис Џоплин, за што мајка ми се вика Мерцедес, и се вратив дома. Сабајлето отидов во полиција и се пријавив за сие убиства. Им требаше многу време да ми поверуваат и да ме осудат, јас за тоа време си убивав луќе од власта, онака, како на бис, ама полицијата ја известував: „го убив овој човек, го убив оној човек“. По некое време, ме осудија на доживотно, и сега сум овде, пред тебе.
- Ми се допаѓа ти! Си интересен човек, со интересни мисли! - се воодушеви Луиџи.
- Сега тебе ти е редот да ми кажеш зошто си упасен. И зошто си Италијанец во македонски затвор? - праша Ангеле.
- Мене апселе за погрешно паркирање. Но, после полицаец сети се оти јас го уби папа. Се ожени в Мачедонија, но по јас има светска... - прекина Луиџи.
-  Потерница? - дополно Ангеле по кратка пауза.
- Да. А тука живее јас, тука и ме апсија.
- Интересно како судбината нé спои мене, кој ги убив моите политичари, и тебе, кој го уби твојот папа!
- Вистина!
- Како успеа да се најдеш во негова близина за да го убиеш!
- Јас го познавав тој. Кога бевме мал, учеле сме во исто школо. Беше многу лош дете. Секога тепаше другите, крадеше одкај другите, кажуваше лоши работи кон другите! Пред да станува папа, се вика тој Џовани. Еден ден тепаше тој мене кога се одев дома, и ме скрши коската во раката. Беше толку силно, и коската излезе низ кожата. Имам белег од тоа.
Луиџи му го покажа белегот на левата рака.
- Имаше една девојка, беше негова девојка, многу убава, но и глупава многу. Се вика Микела. Таа го следеше во сешто што ќе напревеше Џовани: тепаше другите девојки, кажуваше неубави зборови кон нив... Го правеше таа тоа, бидејќи таа сакаше него, вљубена со него. Кога Џовани замина на факултетот за теологијата, и Микела замина натаму. Џовани велел да постане свештеник, и дека многу пари ќе има. И успеа тоа! Успеа папа да постане, а Микела калуќерка постана. Тоа се случи по многу време, бевме стари луѓе ние три. Иако станаа свештените лицата, продолжија со врската својата, и љубовната и сексуланата. Сите тоа го знале, но никој доказите немаше. Јас цел мој живот посветив на одмазда кон него. Секој ден правев еден план за убидам Џовани. По многу тежок начин, и многу долго време, успеа јас да стаса до Џовани. Името му беше Јован Павле III. Божиќ е, кога го сретна јас персонално. Речев му да смириме и дека сака јас да го однесе него и Микела некаде да ги чести јас. На почетокот сомневаше малку в мене, но после, изгледа, помислил јас глупав, не можам да му наштетам, и прифати тој. Околу ние беше голем обезбедувања. Мораше дури да резервираат сите местата во ресторан. Јас носев бомбата што заспива. Ја фрлив во ресторан неа, и ослободи невидливи гасот и ги заспала луѓе. Додека тоа случувало се, јас сум во тоалет. По неколку минутки, излегувам. Џовани и Микела ставам ги во багажникот од кола мојата, а обезбедувањата ги оставам да поспијуваат. Се враќав во дома. Во подрумот од домата моја имам крст, со дупка во долни делот на крстот. Џовани и Микела уште спијат и јас ги однесувам во подрумот. Ги соблекувам голи, до кожата нивна. Ги распнувам на крстот со јажето едниот спроти другиот. Нанправив тоа за да курето на Џовани го ставив в дупчето на Микела, преку дупката на крстот. Ги истурам со кофата со водата. Тие се разбудуваат. Каде се не знаат. Им велам: „Света вода е тоа не!“. Џовани почна да му се дига курето кога постана буден. Во подрум имам грамофон. Ја пуштив плочата „Wormwood“ од Residents, затоа што песните од таму поврзани се со лошата страната од Библија. Residents многу интересен луѓе се, треба да ги слушнеш нивните музики. Овие почнуваат да викаат, да молат мене да ги пуштам, да колнат мене зошто сум ги излажал. Микела почна да плаче. Но, јас продолжив, како тие неми се. Мораше да се одмазда, не само поради јас, туку поради и мои другарите на училиште. Со жешко железото низ нивните кожа извадоци од оригиналниот Откровение Јованово пишував. Уживам во звукот од спржување на нивната кожата по секоја буква испишана. Повиците нивни за помош и криковите кога ги болка компонираат најгенијална сонатата в историја. Го правам тоа и им рекувам: „Умирате на тоа што му се молите! Умирате од тоа што го читате! Умирате во тоа што го славите! Умирате од тоа што лажете дека го правите не!“
- Што е тоа што го прават, а лажат дека не го прават?! - праша Ангеле.
-Па, водење љобовот. На нивни кожата не останува место за пишување. Тие продолжуваат плачење, колнење, молење, пцуање... Јас крстот, со нив на него, го вратив во багажникот од кола мојата. Возам до влез на Ватикан и тука фрлам ги. Беше Божиќ - беше ладна зима! Обезбедувањата пријавила мене в полиција. Во весници пишувале мене „антихрист“. И мене не ме разбируваа, како тебе. Полиција објавиле светска... по-тер-ни-ца. Сум побегнал Мачедонија. Тука женам се со Саманта, многу убава девојче, мачедонско! Сум го учел јазикот. После малку години ме апселе, и сега треба да депортираат мене во Рома.
Тогаш кон ќелиите на Ангеле и Луиџи се пиближи двајца полицајци.
- Итаљан, тебе сеа ќе те депортираат у твојата романтика! Ангеле, ти со мене доаѓаш!
Ги отклучи ќелиите. Полицецот веднаш му стави лисици на Ангеле, а истото му го направи и вториот на Луиџи. Двајцата затвореници се поздравија и беа однесени во спротивни правци. Ангеле беше одведен во една мрачна просторија, каде што го чекаше затворскиот бербер покрај столот за шишање и огледалото. Тие две паршиња меделб беа единстентот нешто што беше осветлено во просторијата. Берберот злобно се смееше, покажувајќи ги своите жолти заби. Полицецот го седна Ангеле на столот. Берберот почна да му ја шиша неуредната коса, а потоа и со брич му ја помина главата. Од берберскиот стол, веднаш беше префрлен на електричниот, кој Ангеле до тогаш не го забележа.
- Последна желба? - ладно праша полицацот.
- Би било љубезно од нашиот претседател да ме држи за рака додека умирам. - цинично одговори Ангеле.



АЛТЕРНАТИВЕН КРАЈ:

(...) Од берберскиот веднаш беше префрлен на електричниот, кој Ангеле до тогаш не го забележа. Тогаш, се изгасна светилката над берберот. Снема струја! 

РОК-ЕН-РОЛ ОМАЖИ

Додека мојата гитара нежно плаче, бубачките ѝ се придружуват на Луција во небото со дијаманти. Ќе патувам преку вселената, само за да ја видам како стои онаму, смело кравјќи ја втората рок-ен-рол револуција.

Кога ќе ги искачиш скалите кон рајот, насмевни му се на ледениот цепелин кој го пара кашмирски синотот небо, но чувај се од жестоките напади на црното куче.

Секој човек, доколку ја постигне нирваната, може да го пронајде парчето литиум кое мириса на тонејџерски дух, и да се претвори во бескрајна, безимена личност.

Сакам да се ослободам од кралицата на која ѝ е потребна само една визија за да го предвиди Блесокот. Оваа ноќ, во операта, луѓето ја слушаат Боемската рапсодија, додека далеку од нив, уште еден ја гризнува правта.

На престолот нека се најде брзиот крал со машинска глава. Огнената топка нека е затскриена од чадот над водата, додека гори мрзеливо во пурпурно виолетовата маса, од каде ќе биде во карпа закопана.

Дивизијата на радоста ја прочисти атмосферата, со што љубовта ќе биде спречена да нè раздели.

Посакувам да си овде, додека сјајот на твојот луд дијамант ја осветлува темната страна на месечината, додека пука тенкиот мраз над езерската шир, додека врз урнатините на Ѕидот на плачот се гради Ѕидот на смеата, доденка Пинк Андерсон и Флојд Каунсил го свират нивниот блуз...

Кога музиката ќе заврши, затвори ги сите врати во твојот дом, и премини на другата страна, зашто ова е крајот, пријателе.

КОГА СПОМЕНИЦИТЕ БИ ОЖИВЕАЛЕ

„Тато, види како го кревам Букефал на две нозе!“ - му се обрати Александар на својот татко.
„Сине, кога ќе ти дојдам таму...“ - негодуваше Филип.
„Не се дерете, бе, уше рано сабајле, да ви ебам матер!“ - се пубуни дремливо Јустинијан.
„Ти, па, тивок, у пизду материну!“ - му одврати Груев.

„Уше рано сабајлечки почнаа да се караат...“ - му рече Девојката под летниковецот на своето Момче.
„Само да не почнат да се тепаат...“ - ѝ одговори Момчето.

„Кој кур бараме во Скопје, да им ибам неписмените?!“ - одеднаш извика Шатев.
„Абе, Павле, ова позади Дунав е?“ - наивно праша Пингов.
„Вардар, креле едно!“ - разочарно му одговори Павел.

„Зошто сум јас вака ко казнето прваче ставен? Плус и на луѓево од пицеријава шо личи на циркус грб им вртам.“ - како за себе праша Самоил.
„Ќути, бе, старо! Ти ги преебале војниците ко на Мортал Комбат! Да не сакаш да те наградат?“ - надмено му развика Александар.
„Немој така, Аце, сине, со постари!“ - Филип го замоли Александар.
„Шо, бе, постар?! Види го! Санта Круз! Хоу, хоу, хоу!“ - Александар продолжи со својот потсмев.

„Другар Даме, дали ти навистина ме предаде?“ - расонет Делчев го запраша својот сосед Груев.
„Од кај да знам, бе, брат! Имаш под мене таблица, имаш МАНУ онаму, не ме смарај! Статуа сум, брат!“ - се налути Груев.
„Пази да не го знаат, и талбицата, и МАНУ.“ - промумла Делчев. - А дали е вистина дека луѓето мислат дека јас сум го рекол она: ’Излези момче право на тераса!’?“
„Наводно има такви! - рече тој.
„А дали е вистина дека во Градскиот парк ме има мене уште еднаш?“ - го запраша Делчев.
„Тоа е вистина!“ - задоволно одговри Груев.
„Ќе отидам на мегдан со тој човек. Мене мора да ме има само еднаш!“ - рече Делчев, за потоа да им се обрати на останатите. - „Браќа, бидете поздравени, и гледајте го Плоштадов како поле за културен натпревар“

„Шчо сте напраиле?!“ - се зачуди Мисирков кога разгледа наоколу. - „Јаска не сум бил Скопје, ама не сум си го замислувал вакво.
„Дали си тоа ти, брате Крсте?“ - го поздрави Чуповски својот другар Мисирков, чудејќи ѝ се на Портата,. - „И зошто те направиле кепец?!“
Чуповски не доби одговор. Се упатија кон Плоштадот.

„Абе, куј е увој Димитрија Чуповски?! Нисо го спумињавме у сридно, ама нисо ни памтам! - ѝ рече едната Шмизла пред Теранова на Другата. - „Дицко! Диме!“
Чуповски и Мисирков се доближија до нив.
„Диме, бе, куј си ти? Куј фактор си ти у насава историја да ти има удма ду нас Аце?!“
„Сакаш сеа да викнам Турци или Скинери да те силуваат?“ - налутено ѝ се обрати Чуповски на Првата Шмизла.
„Дицко, Турци нима удамна, ама коа висе викас, викни го Вилициствиниут, а од Скинерите, било-кој. Они сите ми се слатки! - му одговори Шмизлата.
„Брат, за кој се боревме ние цел живот?!“ - му се обрати Чуповски на Мисирков. - „Кај не знаат кои сме, уше сакаат Турци да ги ебаваат!“
„Маце, прво, Турците имаат мнугу пуголеми од вас, а друго, знам куј е Крсте Мисирков!“ - самоуврено одврати Шмизлата.
„Кој е, бе, Крсте Мисирков?“ - ја праша Чуповски Шмизлата.
„Па... Има идно скуло по ниго крстено...“ - засрамено одоговори Шмизлата.
„Не ти гинат тебе Скинери...“ - заканувачки рече Чуповски
Тогаш Чуповски забалежа дека неговиот пријател Крсте се бакнува со Втората Шмизла.
„Брат, не се лапај у јавност, казниво е со закон и прај ми друштво до Парк да најдеме некои бричени за неписмениве!“
„Е, немој де, така...“ - сожалувачки му одговори Мисирков на Чуповски додкеа овој го влечеше кон Градскиот Парк. Мисирков се заврте кон Втората Шмизла, ја отоври устата базгласно кажувајќи: „Јави ми се!“, додека раката во форма на мобилен ја стави на увото.

„Мајку вам божју, зар се моја важност своди само на једну јебену бисту?“ - беснееше Броз пред истоимената гимназија.
„Јеби га, братче, тој ти е.“ - рамнодушно му одговори Ченто, кој реши малку да прошета, тапкајќи го по рамо.
„Друже Ченто?“ - Тито зачудедно го погледна него, зартувајќи се.
„Друже Тито!“ - Ченто му одоговри, салутирајќи.
„Извини што не могу да ти узвратим војничким поздравом, немам руке, јеби га...“

„Абе, а кој сме ние уствари?! - Момчето под летниковецот ја праша Девојката.
„Адам и Ева?“ - Девојката го запраша Момчето.
„Ја се двоумам меѓу нив и Ромео и Јулија. Ама и двата пара се заебани. Едните не знаат да се ебат, другиве се преебуват, то ест, убиваат.“ - заклучи тој.
„Значи, да бараме јаболко?“ - праша Девојката.
„Да!“ - одлучно одоговри Момчето.

„Сине, доста го заебаваш чоекот и дој да освајаме нешто!“ - Филип му рече на својот син.
„Шо ќе освајаш, бе?! Ти знаеш ли чив град е овој?!“ - Јустијан гневно го запраша Филип.
„Шо, бе, Џастин, твој да не е?!“ - одврати Филип.
„Па, мој е! Јустијана Прима!“ - гордо одговори Јустинијан.
„Добро, тогаш... Сине, сечи му ја главата на типчево пред тебе шо им е имењак на двајца пеачи.

„За куи два пеаци праи муабет?“ - Првата Шмизла ја праша Втората.
„Па, Бибер и Тимберлејк! - одоговори Втората.
„Па куј уше гу памти Тимберлејк?!“ - рече Првата, преверувајќи со очи.
„Филип е стар чоек, имај разбирање.“ - ѝ одоговри оваа.

„Важи, тато.“ - послушно одговори Александар.
„Немој да ме убиваш, те молам! Каде е мојата Теодора?“ - низ плач зборуваше Јустинијан.
„Па, за сега, јас ќе ја заменам!“ - рече Груев смртно застрелувајќи го Александар.
„Ми го уби детето, пичка ти матер!“ - се расплака Филип.
„Шо е, бе?! Џастин ми е комшија, и ќе го бранам!“
„Е сеа ќе ти ја начукам пушката у шупак!“ - се закани Филип, воздржувајќи се да не опцуе повторно.

Така започна Нултата Плоштатска Војна. Кон сојузот на Груев и Јустинијан, се придружи и Самоил, додека Филип остана сам со својата мала, но силна војска. Наоколу Гемиџиите извршуваа самоубиствени бомбашки напади вез Ристиќевата Палата, пицеријата „Пелистер“, „City Gallery“... Скокачката под Камениот Мост се откажа од скокање во нечистиот Вардар, и му се придружи на генг-бенгот помеѓу Шмизлите и повеќемината Скинери. Од Паркот се слушаа пукотници од борбата помеѓу двата Гоце Делчев-а.

„Какви кретени, еј! Не научија и не научија!“ - проговори Девојката под летниковецот.
„Као да знаев дека ќе се истепаат! Него, ај да бараме јабука за да можеме да се прцаме, зашо после ќе испадне дека сме Ромео и Јулија и ќе треба да се... брцаме!

БЛАГОСЛОВ

Нека вантрешниот мир
биде во тебе,
и нека тој те следи
при твојата потрага
кон совршенството
и животната хармонија.