Генерал Војна (автор: Магнус)

21/02/2012

ПЕРВЕРЗЕН

            Телевизорот беше вклучен на Jungle TV. Бијонсе почна да пее. Иако ги читаше епиграмите на Дар-Мар, погледна кон телевизорот за да види какво деколте носи таа во овој спот.

15/02/2012

СТРОФА ЗА ТИНА

Сакам до пладне да
спијам во малиот кањон
на твојот врат.

ЗА МАГИ

Можам да ти подарам раскошен букет, но не знам дали си алергична на полен.
(според „Дарови“ од В. Мартиновски)

I

Сакам да се најдам
на твоите веѓи,
и таму да се чувствувам
како господар на светот.

Сакам да ги прогласам
твоите трепки за најмалиот
тобоган на светот.

Сакам засекогаш да
се изгубам во лавиринтот
од твоите пеги.

Сакам да си замислувам
дека во твоето грло
свири самиот Орфеј.

Сакам да се искачам
на твоите гради, и
таму да напишам:
„Исток беше тука“.

Сакам да халуцинирам
дека горам во
твојата коса со
боја на оган.

Сакам да ја воведам
убавината како нова физичка величина,
која ќе се мери во магдалени.
(Симболот би бил magi.).

Сакам твојот леден поглед
да го замрзне треперењето на моето тело,
кога ти се приближувам.

II

Помислувам на тебе
секогаш кога ќе погледнам
црвен капут.

Ми се пристирува,
или деновиве сите
носат по еден таков?!

III

Кога колонизаторите ќе
им се извинат на
своите некогашни колонии,

кога мажите ќе успеат
да ја истреста и
последната капка,

кога секое чудо ќе биде
со рок на траење
подолг од само три дена,

кога Тед ќе им каже
на своите деца како
ја запознал мајка им,

кога ќе ги знаеме оние
кои ги изградиле пирамидите,
а не само оние за кои тие биле изградени,

кога пензионерите попладне ќе се будат,
кога панкерите ќе престанат да се бунат,
кога Македонците ќе нема
за туѓите животи да судат;

Кога Естрагон и Владимир
ќе го дочечаат Годо,

кога Кинезите ќе направат
глобус во природна големина,

кога македонските фабрики
ќе чадат повеќе од
школскиот двор на С.У.Г.С. „...-Тито“,

кога девојките од минатиот век
нема да плачат на „Титаник“,

кога бабичките ќе престанат свеќиња да садат,
кога директорите ќе престанат да си ги ладат,
кога тапите од нашите вина лесно ќе се вадат,
ќе престанам да те љубам.

Ќе престанам да те љубам,
тогаш кога ти во мене ќе се вљубиш.

IV (математичко-љубовна минијатура)

Мојата љубов кон тебе е
голема колку број во периода.

14/02/2012

ПОЧЕТОК НА ЉУБОВНО ПИСМО, КОЕ МАЖОТ И’ ГО ИСПРАЌА НА СВОЈАТА ЉУБЕНА

Помислувајќи на тоа
дека вие, жените, ги
парфимирате љубовните писма,
посакав ливчево да го
ставам под мишка, по тренинг.
За среќа, се предомислив.

КРЕАТИВНО САМОУБИСТВО: волумен 2

            Виктор чекаше неговите родители да заминат на работа. Го вклучи компјутерот во својата соба. Отиде во купатилото. На огледалотот, со карминот на мајка му напиша: „Сакавте да бидам информатичар...“. Ги навлажни рацете во лабовото, иако тие веќе беа испотени. Му се врати на компјутерот. Со швајцарскиот нож кој му стоеше на компјутерското биро, ја отвори гумата од гајтанот преку кој компјутерот добиваше струја. Рамнодушно ја зграпчи голата жица...

КРЕАТИВНО САМОУБИСТВО: волумен 1

            Тој ден Павел дојде прв во училиште. На таблата ја напиша познатата реченица на Џим Кери од филмот „The Truman Show“: „In a case I don’t see ya – good morning, good evening and good night!“. Отиде на кошаркарското игралиште зад училиштето. Скокна под кошот. се фати за неговиот обрач, кој беше без мрежа. Го преврти целото тело така што нозете ги спровна низ обрачот, а главата му беше надолу. Кога некој би го гледал, би се зачудил од силата во неговите прсти. Но, никој не го гледаше, но тоа не му сметаше на Павел. Само ги затвори очите, и го пушти обрачот. Се надеваше дека успешно и наповратно ќе си го скрши вратот.

СПРОТИВНОСТ

по вистинскии настан

Лудиот просјак гласно молеше да добие некој денар. Само неколку метри беше оддалечен од големата раскошна и скапа прослава на еден од мобилните оператори.

ИМЕ (1. дел)

Се викам Исток. Најдобар другар ми стана единствената личност која не ми се потсмеваше поради моето име, затоа што не знаеше ни што се тоа страни на светот.

ДЕХИДРАЦИЈА

Авантуристот, кој ненамерно се оддеели од својата експедиција, скиташе низ пустината, речиси дехидриран. Забележа една оаза, и умре. Од возбуда ја помоча последната вода во неговиот организам.

05/02/2012

МОИТЕ ФАНТАЗИИ...

Кога бев мал,
бев лидер на
анти-терористичка дружина,
во која единствено
јас бев реален член.

Кога бев мал
бев војник во кинеската армија
која секогаш имаше победничка стратегија
во борбите со Американците.

Кога бев мал,
бев син мутант вреботен во
специјална полициска единица,
и ги поседував сите моќи
што ги глеадаме во цртаните.

Кога бев мал,
бев нинџа-самотник
кој се хранеше со лешници,
а се миеше со свински сапун.

Кога бев мал,
бев мултимилијардер,
откако ќе ги соберев сите
пери од монополот.

Кога бев мал
бев прваче кое
ја слушаше Cleanin’ Out My Closet,
наместо да ја пишува домашната.

Кога бев мал,
бев романсиер кој
го избриша својот недовршен роман.

Кога бев мал,
бев каубец кој се бори против Индијанците
и обратно,
бев средновековен витез,
бев диносаурус со
боцки на грбот,
бев гепард,
бeв лондонски таксист,
бев развиен кечер со
костурска маска,
бев мрза што не сака
да си ги собере играчките.

СЦЕНА

Времето беше ненормално сончево - како во американсите серии.
Во позадина се слушаше чудната песна на ќелавата пејачка
         придружна од звуците на богатиот уличен свирач.
Трите грации, во исто време, орално го задоволуваа Јупитер.
Истата ситуацијата и кај Сафо и Синтија Никсон.
                                                                                    Прво едната,
                                                                                    па другата...
Пинокио очајно плчеше поради фактот дека Ѓепето не се сетил да му изделка
    полов орган.
Утнапиштим  водеше љубовен однос со Кербер, додека секоја змија од неговата   
                             глава го ставаше својот јазик во устата на некоја од останатите.
Халк, иако беше во состојба како би требало да е бесе, радосен си играше со 
своето морско прасе.
Еминем го шеташе својот мртов ротвајлер со исечена глава, која не престанува
     да лае.*
Нил Армстронг цинично му го покажуваше средниот прст на Калигула.
Волверин се мачеше да си ја потрпе главата на својата тупаница.
Курт Кобејн, ја напушти расправата меѓу Буковски и Џорџ Карлин
       околу тоа кој повеќе преку пцуење ги смеел луѓето,
и мртов, сериозен велеше дека е многу јако да се самоубиеш, и дека 
                                                                       требало сите тоа да го пробаме.
Едвард Кулен сакаше да си направи лузна на челото, ама не му успеа.
                                                                     Потоа се прекрсти во Багинс,
                        за на крај да почне да мфата со црвен двоен лајт-сербер.
                                             И покрај сè, не успеа да ја придобие машката публика.
Годо пристигнуваше на вистинскиот погреб на Број Еден.
Загор и Јода играа твист на површината од Сребреното езеро,
додека Исус љобоморно се обидуваше да го тргне погледот од нив, зашто Он
  знаеше само да оди по вода.
Тогаш Он отиде да претвора изџвакани мастики во презевативи за Евреите,
и така, занесен, не го слушна плачот на кутриот слепец Хомер кој сакаше да 
      прогледа и да ја запише песнава
и со тоа да им покаже на сите руски писатели
дека сите нивни тупаџиски описи се залудни,
зашто тој, Хомер, е човекот кој го измислил дрвењето.


* - Обработени и преведни стихови од песната „Marshall Mathers“ на Еминем

АНТИ-КОМПЛИМЕНТИ


тотално непосветeна

Очите ти се како на Голум.
Косата ти е како на Коџак.
Лицето ти е како на Фреди Кругер.
Образите ти се како на Џигсо.
Устата ти е како на Мик Џегер.
Забите ти се како на Кериџ-Д Кавурдли Дог.
Носот ти е како на Гаргамел.
Едното уво ти како на Спок,
         дугото како на Ван Гог.
Брадата ти е како на Сара Џесика Паркер.
Бркови ти се како на дон Корлеоне.
Стапалата ти се како на Фродо Багинс.
Карактерот ти е комбинација од
оној на Ханибал Лектор,
        на Ајс Вентура
     и на Ерик Картмен.

Се надевам дека твоите деца ќе личат на татко им...