Генерал Војна (автор: Магнус)

12/07/2011

РАНДОМ!.!

-алеаторика-

Ноќта спокојно паќаше врз реката,
која тивко течеше низ времето.

Сакам да го искористам тоа време
качувајќи се на планина,
која секој миг расте и е
се` поблиску до облаците,
кои при допирот на нејзиниот врв
се распрсуваат во воздухот,
кој не е загаден од индустријалците,
кои во своите фабрики се богови.

Боговите не се загрижени
поради случките под нивните стапала,
а криви стапала има господинот Чаплин.

Не знам со што би продолжил по Чаплин...

А, знам!

Името на г. Чаплин е Чарли,
а Чарли поседува три ангели.

Луцуфер бил ангел пред да се побуни,
а се побунила и Лара Цеткин на 8 март,
а март е симбол на климатското лудило,
а и Расел Кроу е луд во филмот ,,Брилијантен ум“,
а умниците растат кога ни паѓаат млечните заби,
а заби се римуваат со жаби и баби,
кои секогаш им ја држат страната на своите внуци.

Внуци, пак, се римуваат со звуци,
кои ги има насекаде околу нас.

„Нас“ е кратка заменска форма од „ние“.
„Ние“ е роман од Земјатин.

(крај на страницата)
----------------------------------------------------------

No comments:

Post a Comment