Генерал Војна (автор: Магнус)

12/07/2011

ЈК

Поминуваат
две коли со ,,ЈК`` на
рег. табличките.

ПРЕД СЕМАФОР ЗА ПЕШАЦИ

Што ако ми е
зелено, кога сепак
треба да пазам?!

КОЈ НА ШТО СЕ ПАЛИ?

хаику-поема

Манекенката
позира околу црн
спортски Мерцедес.

Сите се палат
на женската. Никле, пак,
на Мерцедесот.

РАЗЛИЧНИ ЖЕЛБИ

Девојче гледа
кон мене. Момче гледа
кон една кола.

МАРШ

Часновиците
удираат како да
свират воен марш.

ФАНТА

Двајца Британци
се расправаат дали
да купат ,,Fanta’’.

РАБОТАТА НА МОЈОТ УМ

Слушам касети.
Гледам нечија слика.
Размислувам пак.

НЕПОВРЗАНОСТ

Цртам песочни
часовници. Се ниша
чашата вода.

ТРАЦЕУР

на Иван

Кога вежбаше
паркур си ги изгреба
малите прсти.

ЛЕТЕН ЗВУК

Во летан зора,
ја слушам камбаната
во нашиов град.

ДА СЕ ЗАБАВУВАМ(Т)Е

Јас учам, а на
смоките што ги јадам
пишува: ,,Let's party!``

СПОЈ НА ГЕНЕРАЦИИ

Две-три девојки
седат покрај старец на
онаа клупа.

РАНДОМ!.!

-алеаторика-

Ноќта спокојно паќаше врз реката,
која тивко течеше низ времето.

Сакам да го искористам тоа време
качувајќи се на планина,
која секој миг расте и е
се` поблиску до облаците,
кои при допирот на нејзиниот врв
се распрсуваат во воздухот,
кој не е загаден од индустријалците,
кои во своите фабрики се богови.

Боговите не се загрижени
поради случките под нивните стапала,
а криви стапала има господинот Чаплин.

Не знам со што би продолжил по Чаплин...

А, знам!

Името на г. Чаплин е Чарли,
а Чарли поседува три ангели.

Луцуфер бил ангел пред да се побуни,
а се побунила и Лара Цеткин на 8 март,
а март е симбол на климатското лудило,
а и Расел Кроу е луд во филмот ,,Брилијантен ум“,
а умниците растат кога ни паѓаат млечните заби,
а заби се римуваат со жаби и баби,
кои секогаш им ја држат страната на своите внуци.

Внуци, пак, се римуваат со звуци,
кои ги има насекаде околу нас.

„Нас“ е кратка заменска форма од „ние“.
„Ние“ е роман од Земјатин.

(крај на страницата)
----------------------------------------------------------

УБАВИНАТА НА ПОСЛЕДНО МЕСТО

Девојчиња,
убавината не е најважниот атрибут кај мажите.

Убавината не може да направи ништо друго,
освен да ви го зголеми либидото...

Убавината не може да ви
помогне кога ви е тешко.

Убавината не може да ве
утеши кога сте тажни.

Убавината не може да ви
купува скапа облека.

Убавината не ги памти
вашите родендени
и другите важни датуми.

Убавината не може да ги
воспитува вашите идни деца.

Убавината не може да ве сака!

11/07/2011

КРШЛИВИ

Се скрши срцето на моливот
во истиот миг кога
се скрши и моето срце.

Чудно како невозможно е
дијамантите да се скршат.

10/07/2011

Dj KASNI PORASNI - MUZIKATA IS MEIN ZIVOT

тескт за техно-песна

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

Музиката е мојот живот.
Musik ist mein Leben.
Music is my life.

ОСАМЕНАТА СТАРИЦА

Таа седеше во својот празен дом,
со својот црн пекинезер на своите колена,
гледајќи разни криминалистички серии.

Но паметот не и е во дејствата
што несвесно ги набљудува,
туку во своите деца
кои не знае каде се,
што прават,
и дали веќе ја заборавиле?

Ненамерно секој ден
им е се` полута за
ваквото однесување кон неа,
иако знае дека не е праведна.

Но, таа се чувствува толку проклето осамена...
Толку осамена, што веќе почнува да се навикнува на тоа.

Се чувствува како да е последната на светот,
како сите да ја заборавиле...

И секој миг се прашува:
,,Што ќе ми е животот,
кога ми е толку празен,
без бепче да го играм,
без маж да го сакам?``

,,Се чини дека живеам
само за ова мало црно кутре,
кое од ден на ден,
е се` поблиску до мојата доба!``

05/07/2011

ИМАМЕ ЕДНА ЖАЛНА, И ЕДНА СРЕЌНА ВЕСТ

Жална вест за повеќето
тинејџерки низ светот:
Почина тин-ѕвездата
Џастин Бибер, од
заразната болест СИДА.

Среќната е вест е
тоа што веднап по
неговата ненадејна смрт,
пронајден е лек
против оваа зараза.

Така, познатиот
лош пеач,
а добар бизнисмен,
ја имаше честа
(ако може така да се каже)
да биде последната жртва
на СИДА-та.