Генерал Војна (автор: Магнус)

31/03/2025

КРЕДО

„Звуци што не сакаат со смисла да се скротат“ - В. Урошевиќ

Зборовите да си го задават значењето!
Од синтагмите да се суптрахира сета субјективност
на нивниот субпарен автор, субмисивен кон својата суета
да остане споменуван во секоја секунда што ќе му ја наследи смртта!

Содржината е преценета, кога само содржина е сето.
И соголен од семантика, сосема ист останува светот.

Јас  Сатана за застарените задачи на создавањето,
знам само за забава со свежината на сите безброј слога
и сал сакам да се сладам во нивната сонична слога.

No comments:

Post a Comment