Генерал Војна (автор: Магнус)

09/11/2023

ИНТЕРПУНКЦИСКА

Точките почиваат на крајот на зборот,
когo да дише не го оставаат палавите запирики.

Извичниците и прашалниците бистрат длабоки размисли,
при што им помагаат двете точки со: примери и заклучоци.

Тиреата се обидуваат да се пронајдат себеси,
од што одамна веќе се откажаа трите точки.

07/11/2023

ТРЕНОДИЈА ЗА ЦВЕТОТ КОЈ ОВЕНУВА

Од каде ли ова жолтило стаса
што со листовите ми завладеа
?
Зеленост кревка лакомо ми каса
,
сувост ко чума стебло ми навеа
.

Прв ли сум на ваква мака што вјаса
?
Кому ли друг корен жед му завеа
?
Бар не ќе умрам ко оваа маса
-
мои роднини што не остареа
.

Венеење е подостоинствена
смрт од сеча во шумата семејна
-
тоа ми е утеха единствена
.

05/11/2023

БОГОУБИСТВА

Боговите си играа
пенистестис со луѓето,
додека еден ден
не се роди философ,
кој повика на деицид.

Никој дотогаш
не се беше дрзнал
да им ја предизвика
наводната семоќност.

Како што храмовите им се празнеа,
така тие испаруваа еден по еден,
зашто луѓето ги заборавија,
како никогаш и да не постоеле.

Така, луѓето без вера
се изгубија и самите себе.

04/11/2023

ЅВЕР

Памучни карпи ми тежат на грб,
остриците ме режат како срп.
На плеќи тврдоглаво ми лежат,
додека коси кроце ми снежат.

Никогаш не ќе се ослободам
од ова бледо стадо песови,
старо и младо да не избодам
со распуштените им бесови.

03/11/2023

-

По перници се леат сеќавања
од возила фрштачки,
од дечиња пискачки -
котелот мозочен
клокоти од впечатоци:
навечер се сложуваат
како аматерски мозаик,
како дилетантски витраж -
ниту една точка не е
на нејзиното место,
но оддалеку личат стварно,
личат како ни да не можат
да бидат поинакви тие низи
од точки заборавливи,
збунувачки без причина,
без да се знае на кое
од двете царства му припаѓаат.

02/11/2023

НЕСТВАРНА НЕКОЈА

Стапалките над тло ѝ лебдат,
листовите ѝ мрморат манифест,
колената ѝ се тркалаат околу самите себе,
а бедрата бликаат нескротлив пламен.

Трудна е со јајца во облик на зглоб,
пупките ѝ лачат немушти слогани;
ѝ се наежува кожата ко иглолисна гранка,
штом зад градите жарта ѝ згасне.

Може вратот насекаде да го вивне,
исполнети партитури ѝ се гласните жици,
во очите чува и нектар и мед
и со главата го удира тлото на небото.

01/11/2023

БЕЛИНА

Зрачеа луѓето и в времиња тмурни,
ведро бликаа и под облаци груби,
болскотеа јарко и в ноќи штури.

Демне ѕвездочатец со чинки в дланки,
ладејќи го небото над дробниот човек -
ситен ко расланет зрнешник в ниви,
чие цвеќе како со инт го покрил
истион сед волшебник лукав,
кој со лулачки сребрен часовник
сега го мами дрeбниот инсан
оти студот е здрав,
оти снегот не е бел,
оти мразот не е ладен,
оти белината не ослепува.

Ѕемне исанот зрачест под смрзнато сонце.