Генерал Војна (автор: Магнус)

05/11/2012

МАЈКА МИ - РОК-ЅВЕЗДА

Рок-ѕвезда е мајка ми моја.
Џон Ленон може да í носи вода.

Придружена од аплауз,
на предавање доаѓа.
Опколена од новинари,
од амфитеатарот поаѓа.

Микрофони и камери,
кон неа се насочени.
Прашања за јазикот,
кон не се посочени.

Меѓу нив, неколку фанови,
на лингвистиката предадени -
со лист и пенкало,
за автограм подадени;

Од семинар во Полска
само што се врати,
а веќе во роковникот
нова графа зафати.

Секој зборлест пратеник
гори од љубмора,
кога на ТВ ил’ в весник
таа ќе го засени со 2 збора.

(Дури и пензионерите се
откажаа од Собранискиот канал,
за да можат нејзините изјави
да ги слушаат сал.)

Рок-ѕвзеда е мајката моја.
Елвис Присли може да í носи вода.