Генерал Војна (автор: Магнус)

07/08/2024

10 автоматски хаикуа

Материјал

Брашно во стогот
полетува смелено
над варската шир.

Фарма

Рог во трлото
гази смрзнати трошки
од врело поле.

Партитура

Книги со злато
свиркаат неми ноти
од страшни места.

Марина

Домашен јастог
грбно плива од стомак,
за да си гризне.

Драма

Волнени калци
стапнуваат над штици,
што живот значат.

Хорор

Грозни вампири
колиба гласно градат
на други дуси.

Литература

Буричкам, нурам
нешто - по слова смели -
по некој бисер

Револт

Треба да биде
смешно, строго, длабоко -
црното стадо.

Фритеза

Пластично шише
се дави од зејтинот,
кој громко прска.

Сукцесија

Хроно-диета
било мошне добро за
новиот барон.

THE LATIN ALHPABET

Adrenaline
Boils
Cinematically
Down
,
Evaporating
From
Ground
,
Holding
Iron
Joystick
,
Killing -
Liberally,

Most
Notoriously -
Over
Pi 000
Quests
.
Right
:
Successful
Task
Uniformly
Vindicated
With
Xerox
Yodeling
Zoomer

АЗБУКА

0.

абавагадаѓажазаѕајакалаљаманањапарасатаќафахацачаџаш
ежезеѕејекелељеменењепересетеќефехецечеџеш
ијикилиљиминињипириситиќифихицичиџиш
опоросотоќофохоцочоџош
уфухуцучуџуш


1.

Атрибут активно апсорбира
Бокал борбено блада
Вазна вонредно води
Габа гордо гости
Дабар добро дере
Ѓердан ѓуло ѓубрави
Еж едноставно едри
Живот жедно жари
Заб злобно зуи
Ѕид ѕвездено ѕуни
Игла итро ита
Јаболко јасно јава
Кобра кисело клокоти
Лага лесно лета
Љубов љубезно љушти
Морков морално мора
Нож наивно нејќе

(Њушкало њушкаво њушка
)
Опасач опасно опнува
Протест пргаво полни
Раст редно работи
Суртук страдно сее
Тајна тешко тлее
Ќофте ќумуресто ќења
Угурсуз учтиво учи
Фудбал фуриозно флева
Хеликоптер хектично хекла
Црцор цилидрично црта
Човек членски чека
Џам џумбусно џема
Шутрак штуро шегува


2
.

Афион школува
Белутрак џагори
Волан чади
Град црпи
Дабар хушка
Ѓон фали
Еребица убива
Жаба ќути
Зомби труе
Ѕевгар снабдува
Игра робува
Јавност претпоставува
Корито оплодува
Лабрадор њушка
Љочка напаѓа


Ммммммм
!

Нос љути
Њурбија лови
Отвор краде
Престол јаде
Робот искри
Страст ѕвони
Тиркиз забива
Ќуд жнее
Училница ебе
Факел ѓубри
Хризантема донесува
Цвет гори
Чадор вози
Џандар бои
Шатор адаптира

19/06/2024

(уште едно гадно хаику)

*хаику, ама
секој слог е од физи-
олошки процес*

09/06/2024

БИБЛИОТЕКАР

љубител на публицистика:
нови весници и песни бојни,
летописи и два кодика,
романи за: љубов и војни;
па, партитури и либрета,
поимници и енциклопедии,
семинарски и по некоја скрипта,
палимпсести и фактопедии;
упатства и хагиографии,
флаери, манифести и летки,
есеи и автобиографии
и честитки со светки...
Брату, не знаеш колку сум елоквентно -
вработи ме веднаш в библиотека:
меѓу рафтовите книги ми е поливалентно,
слично како за друг - в дискотека.

23/05/2024

ИСЕЛЕНИЧКИ; РАЗГОВОРНО

Пријател ми пушти гастербајтерска шега -
нешто од типот: сум забораил на домот;
дека ништо чудно што од југот секој бега
и да глеам да останам шо подалеку од ломот.

Чул те, брату, Горнио - све само не доле назад!
„Боље чергар у Лондон, него да ме ебат тука“ -
рече Смилен и кидна пред касти да го згазат.
Ако и ти се давиш таму, пробај фати ме за рука!

19/05/2024

Ерих Кестнер: ЗЕМЈА КАДЕ ТОП ЦВЕТА ВИДЕ ЛИ?

Земја каде топ цвета виде ли?
Веднаш ќе дознаеш дека е стварна!
Стојат чиновници горди, смели -
в канцеларија, ко да се в касарна.

Копчиња униформи им стегаат.
И секој си носи шлем невидлив.
Имаат лица, но глави немаат.
Легла се сал за натален прилив!

Штом надреден некој желба скрои -
тоа сепак му е и професија -
на готовс, па мирно умот стои.
Погледот надесно! Кичмата свиј ја!

Ако си дете, на тој свет доаѓаш
со мамузички, со патец среден.
Таму како граѓанин ти не се раѓаш.
Кој не брамбори е унапреден.

Знаеш ли земја што е радосна?
А и да израдува да е вешта?
Има јаглен, почва плодоносна,
труд, сила и други убави нешта.

Има и дух и милосрдие!
И јунаштво. Но, не кај многумина.
Во секого втор дете се крие.
Да си игра му е милина.

Таму слободите не се зрели.
Што и да се гради - пак е касарна.
Земја каде топ цвета виде ли?
Веднаш ќе дознаеш дека е стварна!

12/03/2024

ChatGPT-4: 2 акатиста во стилот на Исток Улчар

Акатист на заборавени сени

О, војводо на вечните сенки,
твоите патеки се испишани во заборав,
нека ти биде слава во мракот што те покрива,
како мантија од ноќ без ѕвезди.

Призивам те, тишината твоја да ме обгрне,
во светот каде што ехото на зборовите избледува,
нека ми биде водилка светлината од твоите сени,
преку лабиринтите на душата, каде сè е заборав.

О, чувару на спомените изгубени,
пред тебе полагам молитви од зборови неизговорени,
за сè што било, а сега е само прашина во времето,
нека ми бидат проштени сите таги неми.

Ти, што ги чуваш тајните на минатото,
со секој чекор напред, погледот ми е вперен наназад,
во сенките твои барам утеха, ослободување,
од овој свет што го градам од спомени и тага.

О, мајсторе на тишината и мракот,
твојот акатист е песна на душите изгубени,
нека ми бидат усвоени молитвите како жртва,
за сè што е заборавено, да најде покој во твоите раце.

Амин.

Акатист на светлината што се раѓа

О, огнено срце на зората, што секој нов ден го будиш,
ти, што со светлината ти ги топиш сенките на ноќта,
призивам твојата милост, да ја озариш душата ми,
со зраци што носат надеж и топлина во мракот.

Светилнику на утринската светлина, подари ми утеха,
во оваа патека на животот, плетена со испитанија,
да ги видам боите на светот низ твоите очи,
да го почувствувам допирот на новиот почеток.

О, духове на зори, што во тишината шепотите распрснуваш,
твоите зраци ме водат кон патот на просветлението,
да ги оставам позади темнините, во потрага по светлината,
да научам да прошетам со сенките, но да гледам кон светлоста.

Ти, што секое утро со слава се раѓаш, непобеден од ноќта,
твојата светлина е водич низ лавиринтите на мојот ум,
нека ми дадеш сила да ја носам светлината во себе,
да бидам огледало на твојата красот и твојот мир.

О, извору на животот, светлината твоја нека ме исполни,
да се исправам пред предизвиците, силна и непоколеблива,
нека ми бидат стапките светли и патот мој осветлен,
во вечната песна на радоста, што со тебе секогаш се враќа.

Амин.

ChatGPT-4: 2 песни во стилот на Исток Улчар

Во сенката на заборавот, таму каде што времето мирише на молчење,
Се роди мислата - беозбразна и чиста, како детска солза во зора.
Додека ветерот шепотеше приказни на ушите на старите дрвја,
Моите нозе следеа патека која не постои, во свет што сè уште се бара.

Очите ми гледаа кон небо, бескрајно и мистично,
Барајќи одговори во облаците, во звездите, во тишината.
Но секој пат кога ќе се допре до истината, до срцето на вселената,
Таа се откажува, се исчезнува, како сон во првите лучи на денот.

Во овој свет на привиди, на маски и театар,
Каде е моето место? Кој сум јас, освен прашина во ветер?
Но, додека срцето ми удира и дека душата ми пее,
Знам дека секој чекор што го правам е песна, е молитва, е вечност.

-   -   -

Во сонот на ноќите без ѕвезди,
таму каде што молчат градовите,
се крие една песна без глас,
заробена во прегратките на сенките.

По улиците од заборав, корачам сам,
под тежината на небесата, без светлина,
меѓу спомени што бледнат како фантоми,
во тивката синфонија на вечната агонија.

О, колку сум посакал да бидам птица,
да полетам над светот, над болката,
но коите крилја се исплетени од тага,
и секој замав е уште еден крик во тишината.

Сè што остана е пепел на дланката,
сеќавања што горат како последен пламен,
во оваа игра на судбината, без правила,
сè додека не остане ништо освен молкот на заборавот.

И пак ќе чекам, под маската на ноќта,
за утрото што носи обеќање за нов почеток,
но сè што наоѓам е ехото на моите стапки,
во вечниот вртоглав круг на животот и смртта.

14/02/2024

ВОЈНИЦИ

Нордиски алги
лежат кај поп. Јак тажел  
игла-икс и дрон.