Генерал Војна (автор: Магнус)

01/12/2023

Р. Е. С. СО ИЗВИЦИ

Ај, баш глеј дал' си скроз вешт лик и со тврд слог и со мек пој!

Лап! - кон сè што е шлаг и боршч и сок и леб со маст;
Брап! - со бес над врат ко ôд на џин цврст од гнев;
Драп! - со страст и со жар кон плот од плам;
Цап! - крал кој крал град на свој род;
Зап! - да е ко друг дух;
Клап! - со стас в спор;
Џглап! - горд;
ко лорд
на храм, на двор!
Еј, моќ ти е под шух!
Сеф за фонд на куп, но без плод!
Ноќ кај си гол без ич да ти е срам!
Зол клан дна со глад за бој под гонг со груб рев!
Сал со жед за сол и за скроб, а чин ти е без сласт!

Глас брз ко пад кон гроб и кус збор в чвор си се по тој мој крој.