Генерал Војна (автор: Магнус)

07/10/2021

Ханс Хофман: КУКЛЕНОТО СЕЛО

Како настана Кукленото Село Куклен татко Петер: „Животов ќе биде бетер! Од виткања сме на мака, тоа веќе не го сакам. Дојте деца, Ванда мила, добро знам за што нè бива! слога ни треба за ова - следете ме в земја нова!“ Си се доселија леко на место тивко, далеко, па си одбраа земјичка за првата им куќичка. За стока трло големо од шума обиколено, па секој би викнал гласно: „Куклено Село прекрасно!“ И црквуле изградија, громогласно ѕвона бијат, и смешно си се лулаат - мајката ја радуваат. Куќи се издигаа, ѕид, гробје, кула, капија, на пазар бунарче стои - со најдобро вино дои, пивни од ова бунарче - не ќе станеш болно старче! На пекарите им е топ, топ си шие и кројачот, и господар и слуга го сака Кукленото Село, а мама си вели без глас: – Си знам зошто сум смешна јас! Со децата се шеташе кога топла вечер беше, штом над зеленило вјаса, вели: „Природо прекрасна!“ Белите облачиња, ој, цветен мирис и птичји пој, сека добра животинка - си остануваме тука!“ Деца в куќи носат радост, погледи полни со сладост, ноќум убавини дарил тој Дедо Мраз предраг и мил! Од школска обврска страшна храбри деца не се плашат, и кога одговор нема, немаат тие ни трема, зашто овде секој човек весело живее довек. Сепак, еднаш, пакосник зол, леле, што им стори тој трол: бидна една случка штура, трол скрши клупа со „ура“! Лом и ничкум беше, ете, на! На сликата, видете! Циркус во Кукленото Село Мајката си тргна на пат, децата домче си седат, ѝ велат: „Мамо, среќен пат,  јо! Кога се враќаш назад?“ Коњчињата се на нога, загарот лае и скока, ама сите деца добри во вујчевите се двори. Штом смеа ил‘ врисок слушне, ита изненаден вујче. Бргу се отвора порта, истрчува дива сорта: овца, слон и магаренце, крава, вол, па и теленце. Гласен галоп непрекинат – копита патот го кинат долу-горе, назад-напред, но, вујко мора да запре.  „Леле!“, храбро воздивна тој „Со стока – знае ли некој?“ Трчаат тие - раз, два, три плашејќи кокошки кутри, па, нели го гледа вујче ова прекрасно циркусче? Уште за неприликава погледнете на сликава! Оп! Скока верниот загар. Оп! Скокот му е баш храбар, горда срна, магаренце, мечка и слон и прасенце, генијални дела прават, а потоа в штала назад. Војна и разделба Се обрати генералот: „Да ни дојде до акалот, стани простум, народе драг, непријателот е на праг! Забрзајте си го одот, да се стави сè на бродот, зли ќе удри мојва рака - нека остане кој сака!“ „Збогум, Куклено Село, ветар полно едро бело, ден за разделба стигнал!“ викна секој, и стар и мал. Сите се без раце празни, носат пари, добра разни: леб, брашно, шунка и колбас, сол, млеко, јајца, свинска маст... Во селото никој нема, горди куќи празни седат, некому мисла му мина од убавина – се замина! * * * * Бум-бум - топовскиот топот, војници одат долж патот, тоа е генералот јак, во текстов за последен пат. Куклено Село без народ, појде и најмалиот брод напред кон каменест гребен - но - кај е бродот огромен?! * * * * Бранот силно се задава!  По штиците јако мава! Штом чу пукот некој крикна Потона чамецот! – викна. Па, од бродот кормиларот вперил глед кон океанот, мал чамец здогледа часум - Што е тоа? - проклет да сум! Кит исплива точни траси и мајка Ванда ја спаси, отплива, па се врати пак носејќи го секој залак. Конечно, по страшно бреме за пристаниште е време. Пак вујкото Петер вели: „Животов не ме весели! Туѓата дланка земи ја, и назад в Човечка Земја! Дојте деца, Ванда мила, сега знам за што нè бива!“