Генерал Војна (автор: Магнус)

23/03/2021

МИРИСАJЌИ ЛОЗОВА

Секогаш кога ќе ја помирисам
нашата јака лозова ракија,
од 50 степени, па нагоре,
си замислувавам како
малeчки комити испливуваат
од старото чоканче и
влегуваат во мојот нос.

Најпрво, ги корнат
влакната во носот
како да се најопасниот
плевел што постои.

Потоа гордо маршираат
до моето чело, пеејќи ги
нашите родољубиви песни,
додека капе крв од мојте ноздри.

Кога стигнуваат до челото,
почнуваат на моите синуси
да ги удираат сложените
нерамноделни тактови,
кои се помешуваат
со нивните зарипнати гласови.

Во главата ми се
појавуваат стиховите:
„Павле ми пие
вино, ем ракија…“,
а зборот „ракија“
одекнува како ехо
во моите зовриени
ушни школки.

На крај, ситни комити ги
пополнуваат виугите во
мојот мозок, седнувајќи во нив,
со желба да го проследат
мегданот помеѓу двјаца
млади, силни, маслосани пеливани,
кој се одвива во мојот
центар за мирис.

Чувствувам како
носот ми се распарува,
како ми е челото во пламен,
а мозокот за миг
престанува да ми функционира.

По ова патешествие,
никогаш не успеавам
да соберам храброст и
да пивнам барем малку
од чоканчето со ракија.

Циклус: „SUYTTE“ (преработени фотографии)

Air

Les Fleurs du mal

Моторна бразда

Καπανεύς

Chiang's Avatar

Green in Blue

La casa ai confini del mondo

Self-Portrait with Disfigured Adam's Apple

Salju

Halbe Natur