Генерал Војна (автор: Магнус)

10/06/2012

ТОП-ШОП - БАЈКА

Не зад девет,
не зад осум,
туку дури зад семо седум планини,
на Вас чека Царската Ќерка!

Царската Ќерка ја добивате
со неколку додатоци:
долна облека во разни бои
која може да се пере и
со светла облека,
сет од десет кондоми,
а за поперверзните,
во понудата се вклучени
и два камшика и лисици!

Биолозите докажале дека
Царската Ќерка го
продолжила просечниот оргазам
за една минута (во просек)
кај 100% од испитаниците,
додека, пак, самиот Хју Хефнер
во една пригода изјавил
дека Царската Ќерка е
најсовршена девојка што
некогаш ќе ја види!

А доколку не сте задоволни од
пропорциите на нејзините облини,
Ви нудиме и бесплатен пластичен хирург,
кој ќе го задоволи Вашиот
идеал за женско тело!

Но, тоа не е сè!

Доколку се јавите во
последните неколку минути,
ќе добиете бесплатен меч со кул-име,
како и 70-годишен учител, кој низ
загатки кои не ги разбирате зашто
сте малд и неискусен,
ќе ви помогне во Вашиот
поход кон освојување на совршенството!

Изајава на задоволен купувач:
„Јас сум презадоволен од
Царската Ќерка, зашто е
одлична во сите можни пози,
на сите можни места во домот,
и им ја препорачувам на сите
што како мали дркале на
Заспаната Убавица.“

Јавете се на бесплатниот телефонски број
прикажан на Вашите екрани,
и нарачајте ја Вашата Царска Ќерка веднаш!

Количините се ограничени.