Генерал Војна (автор: Магнус)

23/03/2012

ИМЕ (2. дел)

           Ако ме викате Запад, барем придушете го изгворот на буквата д. Ве молам!

16/03/2012

ИЛИЈАДА DISS


Серам и читам
„Илијада“ - мека ми
е столицата.

08/03/2012

МНОГУ СИ ЛАДНА

:премиера

Толку си ладна,
што парфемот на вратот
ти се замрзнува.

Толку си ладна,
што на луѓето им
се допаѓаш само на лето.

Толку си ладна,
што, кога си била малечка,
во школската претстава
„Волшебникот од Оз“,
си го глумела Лимениот Дрвар.

Толку си ладна,
што една фирма за вентилатори,
го зела твојот лик
како нивен симбол.

Многу си ладна -
а во март си родена...