Генерал Војна (автор: Магнус)

19/01/2012

НЕШТО ОКОЛУ УСПЕШНИТЕ ЖЕНИ...

Кога ќе се спомне ,,успешни жени``, сите помислуваат на некоја млада госпоѓица како трча низ канцеларијата во својата фирма, зборувајќи со тројца во живо, и со уште еден преку својот нов блу-тут. Потоа, ќе помислат на дамите од американскит џет-сет. Некој ќе ја замисли Марија Шарапова на својот редовен тренинг. Некој можеби ќе си ја замисли Агата Кристи како звучно го типка својот нов криминалистичи роман, во кој главен лик е шармантната г-ѓа Марпл, а не шармантниот Французин Х. Поаро. Никој ќе ја замисли Марија Сколодовска Кири во својата лабораторија, како претура течности од една епрувета во друга.
            Но, никој нема да си помисли на некоја работничка во ХЕМТЕКС која работи во три смени, и сепак успева да остане добра мајка, сопруга и домаќинка во исто време. Никој нема да си помисли на некоја своја прабаба која се печела на нивата во летните денови, и се мрзнале на истата во зимските, и која вечерта имала сила, воља и остри очи да сплете нов џемпер за нејзиниот внук. Никој нема да си помилси на некоја Еврејка, која успеала да си ги спаси децата од гасна комора за време на нацистичкиот Холокауст. Никој нема да си помисли на Вера Циривири, на Дуња, и на останатите жени кои имале храброст да се борат во Втората светска војна.
            Затоа, кога некогаш ќе зборувате за успешни жени, запрачајте се: ,,Која била историјата на МОЈАТА баба?``