Генерал Војна (автор: Магнус)

18/07/2025

(на зададени 50 збора)

Каде што озогласен катинар зема критика да задева,
зад кого жонглер фаќа да си го вежба занаетов користејќи вртелешки,
кога изгорената вар не колебајќи се избира нему да му е гориво 

тогаш
и таму џаболебарат коледари книжејќи попусти без мерка,
се сомневаат во секого кој е срдечен и ценет,
па дури и го држат заробен штом им се задолжи;
живеат по калап на нивните предци 
имитација на тие занес и беснило.

§

Абе
, контекст јасен да ти пратил импулс громогласен,
кој збунето гарантира оти утре ќе ископа 
нечитлива резба што прикажува зајре и брановидна корупка
за туристите болни од туберкулоза во феријалниот дом на Тувалу!

No comments:

Post a Comment