Љубител на публицистика:
нови весници и песни бојни,
летописи и два кодика,
романи за: љубов и војни;
па, партитури и либрета,
поимници и енциклопедии,
семинарски и по некоја скрипта,
палимпсести и фактопедии;
упатства и хагиографии,
флаери, манифести и летки,
есеи и автобиографии
и честитки со светки...
Брату, не знаеш колку сум елоквентно -
вработи ме веднаш в библиотека:
меѓу рафтовите книги ми е поливалентно -
слично ко што на нормиња им е в дискотека.
No comments:
Post a Comment