Генерал Војна (автор: Магнус)

07/10/2021

Ханс Хофман: КУКЛЕНОТО СЕЛО

Како настана Кукленото Село

Куклен татко Петер:
„Животов ќе биде бетер!
Од виткања сме на мака,
тоа веќе не го сакам.

Дојте деца, Ванда мила,
добро знам за што нè бива!
слога ни треба за ова -
следете ме в земја нова!“

Си се доселија леко
на место тивко, далеко,
па си одбраа земјичка
за првата им куќичка.

За стока трло големо
од шума обиколено,
па секој би викнал гласно:
„Куклено Село прекрасно!“

И црквуле изградија,
громогласно ѕвона бијат,
и смешно си се лулаат -
мајката ја радуваат.

Куќи се издигаа,
ѕид, гробје, кула, капија,
на пазар бунарче стои -
со најдобро вино дои,
пивни од ова бунарче -
не ќе станеш болно старче!

На пекарите им е топ,
топ си шие и кројачот,
и господар и слуга го
сака Кукленото Село,
а мама си вели без глас:
– Си знам зошто сум смешна јас!

Со децата се шеташе
кога топла вечер беше,
штом над зеленило вјаса,
вели: „Природо прекрасна!

Белите облачиња, ој,
цветен мирис и птичји пој,
сека добра животинка -
си остануваме тука!“

Деца в куќи носат радост,
погледи полни со сладост,
ноќум убавини дарил
тој Дедо Мраз предраг и мил!

Од школска обврска страшна
храбри деца не се плашат,
и кога одговор нема,
немаат тие ни трема,
зашто овде секој човек
весело живее довек.

Сепак, еднаш, пакосник зол,
леле, што им стори тој трол:
бидна една случка штура,
трол скрши клупа со „ура“!
Лом и ничкум беше, ете,
на! На сликата, видете!

Циркус во Кукленото Село

Мајката си тргна на пат,
децата домче си седат,
ѝ велат: „Мамо, среќен пат,
јо! Кога се враќаш назад?“

Коњчињата се на нога,
загарот лае и скока,
ама сите деца добри
во вујчевите се двори.

Штом смеа ил‘ врисок слушне,
ита изненаден вујче.
Бргу се отвора порта,
истрчува дива сорта:
овца, слон и магаренце,
крава, вол, па и теленце.

Гласен галоп непрекинат –
копита патот го кинат
долу-горе, назад-напред,
но, вујко мора да запре.
„Леле!“, храбро воздивна тој
„Со стока – знае ли некој?“

Трчаат тие - раз, два, три
плашејќи кокошки кутри,
па, нели го гледа вујче
ова прекрасно циркусче?
Уште за неприликава
погледнете на сликава!

Оп! Скока верниот загар.
Оп! Скокот му е баш храбар,
горда срна, магаренце,
мечка и слон и прасенце,
генијални дела прават,
а потоа в штала назад.

Војна и разделба

Се обрати генералот:
„Да ни дојде до акалот,
стани простум, народе драг,
непријателот е на праг!

Забрзајте си го одот,
да се стави сè на бродот,
зли ќе удри мојва рака -
нека остане кој сака!“

„Збогум, Куклено Село,
ветар полно едро бело,
ден за разделба стигнал!“
викна секој, и стар и мал.

Сите се без раце празни,
носат пари, добра разни:
леб, брашно, шунка и колбас,
сол, млеко, јајца, свинска маст...

Во селото никој нема,
горди куќи празни седат,
некому мисла му мина
од убавина – се замина!

* * * *

Бум-бум - топовскиот топот,
војници одат долж патот,
тоа е генералот јак,
во текстов за последен пат.

Куклено Село без народ,
појде и најмалиот брод
напред кон каменест гребен -
но - кај е бродот огромен?!

* * * *

Бранот силно се задава!
По штиците јако мава!
Штом чу пукот некој крикна
Потона чамецот! – викна.

Па, од бродот кормиларот
вперил глед кон океанот,
мал чамец здогледа часум -
Што е тоа? - проклет да сум!

Кит исплива точни траси
и мајка Ванда ја спаси,
отплива, па се врати пак
носејќи го секој залак.

Конечно, по страшно бреме
за пристаниште е време.

Пак вујкото Петер вели:
„Животов не ме весели!
Туѓата дланка земи ја,
и назад в Човечка Земја!
Дојте деца, Ванда мила,
сега знам за што нè бива!“

No comments:

Post a Comment