Танцува таа бавно покрај Месечевата река
со самурајот верен на својот народ
кој своето минато треба да го спаси.
Етерот паѓа во благословен делириум,
штом таа ќе ја изведе својата пируета
која ја вежбала уште додека била
во матката на нејзината родилка.
Ја вметнува со леснотија
совршената тишина
помеѓу двата ѕида од врева.
Татне театарската сала
од нејзиниот траорен монолог
за толчникот од цвет зимзелен,
кој никогаш ниту една пчела
безобразно не ќе го вознемири.
Улицата е посеана со зрна сусам
и со костени е поросена.
Музиката од нејзините чекори
ни станува сѐ по нечујна.
Shall I compare thee to a summer's day? No, summer's day is not a bitch.
Генерал Војна (автор: Магнус)
23/03/2021
СТЕ ЈА СРЕТНАЛЕ ЛИ ГОСПОЃИЦА ЏОНС?
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment