Генерал Војна (автор: Магнус)

06/04/2012

КОН ОПШТЕСТВОТО, СО КРЕНАТ СРЕДЕН ПРСТ


Им го посветувам мојот среден прст
на сите бездушни кретен и кретенки,
што не ценат кога некој во нив е вљубен.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите лакоми материјалисти,
кои се зближуваа единствено со луѓето
кои можат да ги искористат.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите потсмешливи сеирџии,
кои се највесели кога некој
ќе се лизне и ќе падне.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите бессрамни силеџии,
кои се подбиваат со повлечените,
а кога овие ќе избувнат,
не сфаќаат дека тие го предизвикале тоа.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите хомофоби и расисти,
кои не знаат да ја објаснат својата болна омраза.

(Им го посветувам мојот среден прст
на двете госпоѓи менторки,
кои ја украдоа младоста на мајка ми.)

Им го посветувам мојот среден прст
на сите автори на неточни учебници,
кои не мислат на иднината на децата.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите исфустрирани професори,
кои своите комплекси ги лечат
врз нивните ученици.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите лицемерни попови,
кои не ја почитуваат својата
заклетва на скромност.

Им го посветувам мојот среден прст
на сите алчни политичари,
кои, веќе не се леви и десни,
туку се жедни за капитал.

Му го посветувам мојот среден прст
на општеството,
кое не знае да одбере кого да цени.

No comments:

Post a Comment