Генерал Војна (автор: Магнус)

25/06/2025

НЕНАСПАНИ НОКШИРИ

Ширната ноќ никнува
ничкум на небелото,
но кришум скршнува 
низ шишарки непарни,
несвесно навестувајќи наредби.
Нескротливи неверници
невино наведуваат 
на наивна небрежност.

Незапирливи наноси
наидуват немо на 
неправилни направи:
направи новост народска,
народна нарав насамари!
Началник неприродно назначува
неред над никулците:
Нека нектар натера
натрапник на натпревар!

Недели не навредуваат никого.
Ноември не начнува ништо.