Пријател ми пушти гастербајтерска шега -
нешто од типот: сум забораил на домот;
дека ништо чудно што од југот секој бега
и да глеам да останам шо подалеку од ломот.
Чул те, брату, Горнио - све само не доле назад!
„Боље чергар у Лондон, него да ме ебат тука“ -
рече Смилен и кидна пред касти да го згазат.
Ако и ти се давиш таму, пробај фати ме за рука!
Shall I compare thee to a summer's day? No, summer's day is not a bitch.
Генерал Војна (автор: Магнус)
23/05/2024
ИСЕЛЕНИЧКИ; РАЗГОВОРНО
19/05/2024
Ерих Кестнер: ЗЕМЈА КАДЕ ТОП ЦВЕТА ВИДЕ ЛИ?
Земја каде топ цвета виде ли?
Веднаш ќе дознаеш дека е стварна!
Стојат чиновници горди, смели -
в канцеларија, ко да се в касарна.
Копчиња униформи им стегаат.
И секој си носи шлем невидлив.
Имаат лица, но глави немаат.
Легла се сал за натален прилив!
Штом надреден некој желба скрои -
тоа сепак му е и професија -
на готовс, па мирно умот стои.
Погледот надесно! Кичмата свиј ја!
Ако си дете, на тој свет доаѓаш
со мамузички, со патец среден.
Таму како граѓанин ти не се раѓаш.
Кој не брамбори е унапреден.
Знаеш ли земја што е радосна?
А и да израдува да е вешта?
Има јаглен, почва плодоносна,
труд, сила и други убави нешта.
Има и дух и милосрдие!
И јунаштво. Но, не кај многумина.
Во секого втор дете се крие.
Да си игра му е милина.
Таму слободите не се зрели.
Што и да се гради - пак е касарна.
Земја каде топ цвета виде ли?
Веднаш ќе дознаеш дека е стварна!
Веднаш ќе дознаеш дека е стварна!
Стојат чиновници горди, смели -
в канцеларија, ко да се в касарна.
Копчиња униформи им стегаат.
И секој си носи шлем невидлив.
Имаат лица, но глави немаат.
Легла се сал за натален прилив!
Штом надреден некој желба скрои -
тоа сепак му е и професија -
на готовс, па мирно умот стои.
Погледот надесно! Кичмата свиј ја!
Ако си дете, на тој свет доаѓаш
со мамузички, со патец среден.
Таму како граѓанин ти не се раѓаш.
Кој не брамбори е унапреден.
Знаеш ли земја што е радосна?
А и да израдува да е вешта?
Има јаглен, почва плодоносна,
труд, сила и други убави нешта.
Има и дух и милосрдие!
И јунаштво. Но, не кај многумина.
Во секого втор дете се крие.
Да си игра му е милина.
Таму слободите не се зрели.
Што и да се гради - пак е касарна.
Земја каде топ цвета виде ли?
Веднаш ќе дознаеш дека е стварна!
Subscribe to:
Comments (Atom)