ПРОЛОГ
Шестнаесет годишниот Сергеј Мијаков многу ги сакаше Pink Floyd, а омилена песна му беше „Careful with That Axe, Eugene”. Секое утро, ќе се раздбудеше некаде околу 5 и пол` часот и на стариот грамофон на татка си ја ставаше плочата „Ummagummа”. Веќе знаеше точно да ја одреди браздата пред да започне неговиот фаворит. Сергеј имаше и многу добри гласовни можности, па можеше да го отпее дури и лудиот врисок на Роџер Вотерс. Ова ќе ги разбудеше неговите родители. На почетокот беа многу загрижени и исплашени од овој негов репетативен чин. Прво водеа сериозни разговори со него, го праќаа на психолози, а потоа, кога се испостави дека е само една пубертетска безопасна фаза, подучувањата се сведоа на: „Стишај се, бе, шо ќе кажат комшиите?!“
Истото се случи и тоа априлско саботно утро.
- Ај гаси тоа, ќе идеме на Кокино. - му рече татко му Јован.
- Кај ќе идеме?! - праша Сергеј зачудено.
- Ќе видиш, ај, спремај се! Облечи тренерки, планина е тоа.
За кратко тројцата беа спремни. Излегоа надвор. Јован ја отвораше гаражата каде што се наоѓаше нивниот скромен автомобил, додека Сергеј и мајка му Ирена го чекаа настрана. Влегоа откога колата беше изнесена надвор. Ирена ги листаше разните карти на Македонија. Јован се упатуваше кон излезот од Скопје.
Патувањето беше проследено со песните на познати ју-рок групи, тинејџерските цинични шеги на Сергеј и повеќето предупредувања на Ирена кон својот сопруг околу неговото возење. На самиот влез на селото Драгоманце, Јован реши да не му обрнува внимение на стравот на Ирена. И покрај тоа што Ирена во тие неколку секунди беше најгласна, Јован се обиде да ја претекне колата пред себе. Тогаш, во соседната лента се појави залетан бел автомобил, и за неколку мига истото се најде во предниот дел од автомобилот на семејството Мијаков. Од белиот автомобил излезе млад брачен пар. Девојката беше беше видно загрижена, за разлика од својот сопруг Виктор кој успеа да ги скрие емоциите и да повика Брза помош. Потоа, се упати кон Јован и Ирена. Ирена веќе беше мртва, додека Јован беше онесвестнен. Кога Виктор го кажа тоа, и неговата сопруга се онесвести, а Сергеј седна покрај автопатот со нозете свиткани во колената врз кои си ја потпра главата, а рацете ги обви околу нозете.
Брзата помош дојде за дваесеттина минути. За тоа време се собраа и жителите на околните села кои се обидуваа да помогнат. Целтото семејство Дабовски беше вратено во Скопје. Јован беше хоспитализиран, додека лекарите се обидуваа од Сергеј да извлеачат телефонски броеви од неговите баби и дедовци, за да им ги соопштат тажните вести, а и тоа дека некој ќе треба да го плати лекувањето на Јован. Но, Сергеј не сакаше да зборува. А, и не можеше. Беше во преголем шок.
Телото на Ирена веќе беше однесено во мртовечницата. Лекарите успеаа да исконтактираат со родителите на Ирена и Јован, па Сергеј се врати дома. На полноќ, се упати кон болницата. Сите чувари веќе беа задремани, па и не беше многу тешко да го изнесе од болницата креветот на неговиот онесвестен татко. Накај дома, ако обрнеше внимение, ќе видеше голем број крајно зачудени лица и блицови од неколку фото-апарати. Се врати дома и креветот го однесе во својата соба, правејќи ги неговите страни совршено паралени со ѕидовите. Отиде во гаражата и оттаму го зеде едиствениот алат што го имаа дома - секирата. Се врати во својата соба. Премногу добро ги познаваше браздите на својата омилена плоча, па затоа успеа да ја изгребе токму на местото со оној врисок на Вотерс. Го вклучи грамофонот, и иглата ја стави точно врз место каде што ја гребна. Додека врисокот се повторуваше, Сергеј ја раскопча болничката пижама на својот татко. Со остриот дел од секирата осум пати ја удри неговата лева града, успевајќи да го преполови срцето. Веруваше дека со убиството ја одмаздил смртта на својата мајка.
Со насмевка на лицето, се испружи во својот кревет, и набргу заспа.
ТРИТЕ ГРАЦИИ ОД ЖЕЛЕЗАРА
Трите пријателки Ања, Фросина и Катрин, по враќењето од факултет седнаа во кафулето „Тренд“. Фросина и Катрин веднаш почнаа со создавање на по едно ново познанство на шанкот, додека Ања седна на страна. Келнерот се сожали, па í пријде:
- Што би сакала да те почести куќата?
- Не се замарај, не се палам на машки, јас сум од оние шо мафтаат знамиња со виножито. Ама коа више се нудиш, дај ми... мохито.
Келнерот беше разочаран, но остана кавалер и не í го наплати коктелот.
- Може да бидам малце индискретен? - запраша келнерот.
Ања веќе знаеше што следува, па рамнодушно му одобри, но беше зачудена од елоквентноста на келнерот.
- Зашо се дружиш со нив две, кои верувам дека се хетеро?
- Па... ми се свиѓаат, секоја на свој начин. А и многу сме блиски, уште од мали, па не им смета, зашо ја некако успевам да се контролирам.
- Интересно. - одоговри келнерот и му се врати на рутинското бришење на чашите.
За тоа време, двете хетеросексуалки веќе беа почестени со пијачки. Двете момчиња дојдоа на ред да се претстават.
- Мене ме викаат Ернесто. Не ти го кажувам вистинското име.
Тоа беше дечкото на кој му пријде Катрин. Ова мистериозност многу í се допадна.
- А зашо те викаат така? - запраша таа, сé уште неопуштена.
- Во средно училиште многу ми се допаѓаа Че Гевара, Кастро, Кубанска револуција, и сето тоа... Уште од мал бев анти-империјалист.
- Ингвар, мило ми е. - рече дечкото кое беше со Фросина. - Слушам стари македонски евергрини. Фаворит ми е „Сонце за три светови“ од Џафер. Сакам да јадам лазињи, као Гарфилд. Сеа уше матичен број да ти даам... - и низ насмевка и ја покажа личната карта. - Ај збори ти, не знам ја...
Фросина само што сретна претставник од нејзината омилена група мажи: опуштени, несекојдневни и што сакаат да ја слушаат соговорничката, или, барем, се преправаат.
- Па, јас сум - започна Фросина - моден креатор. Првата ревија ми беше во средно, на тема „Спаси ја Земјата преку облеката“. Глупа тема, ама освоив...
Од овој момент, во главата на Ингвар се слушаа само звуци на океански бранови, свирежи на штурци, стари диско-мелодии, пожарникарски сирени... Цела среќа што Фросина зборуваше како навиена, па не забележи дека е целосно отсутен, сé до моментот кога го праша:
- А ти имаш некое хоби?
- Не, ја анализирам туѓи хобија. Кој ќе се замара да праи нешо, коа може да го критикува туѓото. Ама тебе никад нема да ти ги критикувам тоалетите, ветувам! Него, запиши го мојот број, па јави ми се. Ако сакаш дај ми го и ти твојот, ама да не си помислиш дека никад нема да ти се јавам.
- Не, бе, не... Па, чим ми го даваш твојот, веќе се заеба. - веќе опуштена одврати Фросина. - Како ти е бројот?
Истото го направија и Катрин и Ернесто. Трите Грации Од Железара преку преграктки се поздравија со своите нови другарчиња, и го напуштија барот. Сите што добија броеви, правеа планови за престојната вечер, со надежи дека подобро ќе ја запознаат другата личност.
Вечерта Фросина му се јави на Ингвар:
- Сакаш да идеме у кино? Она чудоно у три-де шо е, „Најмрачниот час“.
- Е, го глеав, многу е досаден.
По ова, се слушнаа пригушени крици на потсмев од страна на неговиот цимер Влатко. За да ја дополни ситуацијата, Ингвар дополни:
- Ама, ќе го глеам уше еднаш, ако треба...
Тука Влатко почна да се гуши од смеење, а Ингвар í ја побара адресата на Фросина, за со кола да ја однесе вечерта во кино.
- Опа, стара школа, со кола ќе ме носиш! - се зачуди Фросина.
- Па, чим слушам македонски евергрини...
- А, ќе моеш ли да се снајдеш?
- Абе, го знам Скопје на памет!
- Ќе се чекам на игралиштето на Цицо Попович, у седум и пол`. Баш да видам дали го знаеш Скопје толку добро, колку шо мислиш. Ај се глеаме, поздрав!
- Поздрав!
Ингвар, секако, не го знаеше Скопје ни приближно толку добро, па затоа, веднаш отоври Google Earth.
За тоа време, Ернесто í телефонираше на Катрин:
- Ќе може ли да ја добијам твојата адреса, малечка? Сакам да те посетам вечерва.
Катрин беше зачудена, по малку исплашена, но и среќна во исто време, што Ернесто не е некој кретен што не се држи на зборот. Затоа, му ја кажа адресата. Откога тој ја запиша, го прекина разговорот без никаков поздрав. Катрин остана во прашалници.
Ања веќе знаеше дека вечерва ќе остане сама на RedTube, или на некоја друга порно-веб-страна, затоа што нејзините другарки денеска се запознаа со некои кои се многу поинтересни од неа, и секако, можат многу подобро да ги задоволат. Во секаква смисла. Кога забележа дека станува љубоморна неколку пати длабоко вдиша и издиша, го вклучи компјутерот, и си рече дека ако тие две се среќни, и таа ќе биде среќна покрај нив. Затоа што двете ги сакаше.
По туширањето и неколку минутното спремање, Ингвар го доби клучот од Смартот на Влатко и се упати накај Центар. Лесно ја најде улицата каде што требаше да се чекаат. Кога им се сретнаа погледите, двајцата беа благо зачудени. Ингвар, поради тоа што девојката дошла на време, а таа, пак, поради тоа што овој успеал да ја најде улицата, а и поради скапата кола во која веќе влегуваше.
- Идеме накај „Милениум“?
- Па, да, де!
Ингвар на лицето имаше насмевка како да знае нешто што Фросина не го знае, сé додека таа не го праша:
- Како успеа да ја најдеш улицава?
- Фала курцу, ти текна да прашаш. - се израдува Ингвар. - Шо мислиш, како?
- Не знам, Google Earth?
- Па, многу нормално!
- Па, и не е нешо многу непредвидливо - ладно одврати Фросина. - А, од кај колава?
- Не се радувај, на цимерот е, Влатко.
- Па ја шо се замарам со тебе, дај ми број од него. - се насмевна таа.
Веќе стигнаа пред ГТЦ. Поради големината на Смартот, се паркираше на место на кое би било малку ризично за паркирање на некој автомобил со просечна големина.
Ернесто пешачеше до куќата на Катрин. Носеше црвена роза, додека уживаше под паѓањето на капките на мирниот дожд.
Некој заѕвони на вратата на Катрин. Низ стаклото забележа силуета, која претпостави дека му припаѓа на Ернесто. Му отоври.
- Добар ден! - учтиво ја поздрави и í ја подаде розата.
- Здраво, Ернесто. Влези. - го покани таа.
- Не би влегувал, туку би сакал да те однесам некаде. Само, ќе ти пречи ли дождот?
- Па, не. А кај би иделе?
- Ќе видиш. И, те молам, немој многу долго да се спремаш или шминкаш, зашто природата на секој човек му го дала она што му е потребно. Сепак, сета таа грижа за нашиот изглед се сведува на почитување на некој бон-тон или кодекс на правила, кој бил воспоставен без да биде прашан поединецот.
Ернесто имаше нешто хипнотизирачко и убедливо во својот глас и изборот на зборови, што предизвика Катрин само да се пресоблече од пижами во нешто соодветно за во јавност, а тоа никогаш не í се случило.
На почетокот ја почувствува истата онаа зачуденост што ја обзеде кога Ернесто í се јави, потоа си рече дека Ернесто е многу нормален човек кој не сака да ја чека, за на крај да се прекори самата себеси што не спремила што ќе облече веднаш штом се врати дома.
- Одлично! - извика Ернесто кога ја виде Фросина која на себе носеше сосема обична облека.
По неколку минути пешачење, без да види некое возило на повидок, Катрин рече:
- Не очекував дека ќе идеме.
- Извини! Да не ти пречи? - молбено изусти Ернесто.
- Не, само чудно ми е. Ти си многу интересен човек, Ернесто.
- Сите ми го кажуваат тоа, само не гледам во што тоа јас сум интересен. Јас мислам дека се однесувам многу понормално отколку останатите.
- Па, прво, зброуваш многу литературно. Не дека тоа е лошо, него е... невообичаено. После, ми донесе цвеќе. Ја мислам дека веќе само у филмови дечковците ги собираат женските од дома со цвеќе во рака. А не е ни букет, него едно единствено цвеќе, шо е уше поинтересно. А, секако, врв е тоа шо не ми го кажуваш името.
- Па, ајде, ако толку веќе инсистираш, ќе ти го кажам.
Ернесто се наведна врз нејзиното уво и í го шепна своето име.
- Гледаш, многу обично е. А со прекарот Ернесто сум препознатлив. А што е името, ако не некој симбол, или како би го нарекол тоа, за препознавање при комуникацијата. Ако името е непрепознатливо, тогаш, тоа е излишно. Што мислиш ти за тоа?
- Мислам дека сé повеќе ми се допаѓаш. Ми беше потребна промена после сите оние кретени шо ме оставаа да чекам, дали пред кино, дали на Рекорд, дали пред матичар. А, иначе се согласувам со ова околу имињата, само ретко кој размислува на тој начин. Ретко кој размислува уопште у нашава држава.
- Потребно е да се размислува и потребно е да не се имаат толку предрасуди кон својата татковина.
- Тачно! Него, ние ич не се упознавме. Шо музика сакаш, филмови, книги..? - ја смени темата Катрин.
- Не би сакал толку да се откриваме уште на самиот почеток. Многу е здодевно така. Ама, еве, ќе ти ја исполнам желбата околу мојата омилена музика.
Тогаш Ернесто ја прегрна Катрин и ја запеа „Never Tear Us Apart“ од INXS.
Ингвар и Фросина веќе ја изгледаа првата половина од филмот. Тој не се досадувал повеќе во својот живот, но се воздржа да не í кажува што ќе се случи следно. Направија неколку кратки тивки шегобијни разговори:
- Шо си у хороскоп? - ќе ја прашаше Ингвар.
- Абе остај ме, глеам! Рак сум. - малку налутено ќе му одговореше Фросина.
- Рак на шо? - со лажна сериозност ќе ја прашаше тој.
На ваквото нешто таа тивко ќе се насмееше и ќе продолжеше да го гледа филмот, додека Ингвар ги превртуваше очите како познатата голема вртелешка во Виена.
По неколкуте оргазми што Ања ги доживеа пред компјутерот гледајќи ги своите омилени порно-ѕвезди, Одри Битони, Алета Оушн, Ева Ангелина, Тера Патрик, Џајана Мајклс, Прија Раи, Алексис Тексас и Бријана Бенкс, излезе во град. Сама. Неугледна. Сакаше да отиде и да се опие во најтрошната крчма во населбата. Тоа и го направи, по неколкуте чаши „на екс“ испиено виски, го почна оној познат монолог што го рецитираат разочараните кога ќе се опијат:
- Сите се исти, бе, у пичку матер! - извика таа.
- Ако се жалиш на дечкото шо те остаил, иди на психолох, на психијатар, на glamstik, само немој нас да нé смараш! Може?! - довикна некој тип од страна.
- Кој ти спомиња дечко, бе?! Дечко не сум имала, немам и нема ни да иам. Не ме палите.
По ова, неколку лица со благ сомнеж се свртеа кон неа.
- Шо буљате, бе?! Да, лезбејка сум! Или, шо би рекле простаците, педер! Педерка! Педерка е, до душе, таа една торбичка... Него, иам две другарки, хетеро, и двете ги сакам, ама тие за вечерва се договорија, и...- запра Ања. - Шо ме глеаш, бе, конобар?! Дај уше една тура!
- А кој ќе го плати тоа, бе, дечко?
- Прво, немој ти мене дечко, зашо пијаните имаат тешка рука. А друго, па, не се сите пијаници у градов, клошари, бе, брат! Ќе ти платам, не се секирај. Ако не, ќе ти го испушам. Никад не сум пробала, ама обеќавам дека нема да те разочарам.
- Па, нели си лезбаче?
- А тебе шо те боли курот шо женска ти го пуши?! Тоа ќе ти биде единственото сексуално искуство за месецов. Сврзуваш крај со крај секој месец, на факултет ни самиот не знаеш коа ќе завршиш, зашо немаш пари за испити, а и да завршиш, едвај работа ќе најдеш, немаш искуство, го делиш станот со твоите, а женската шо ја сакаш се фука со најголемите богаташи! Така ли е, дечко? - Ања го прошепоти последниот збор, додека го грабна за јаката од неговата кошула.
На келнерот му се навлажнија очите, и вискито што го спремаше за Ања го испи тој.
- Ако не е проблем - малку несигурно се вмеша друг келнер - идете свршете работа, молим те! Глеам го разбираш, а више не можеме да го слушаме као се жали.
Ања, да беше трезна, немаше ништо да ја натера да го направи тоа што келнерот толку културно ја замоли, но, алкохолот го направи своето, и таа се согласи. Отидоа во нејзиниот дом. Првото што го забележа келнерот беше дека на компјутерот беше отворена веб-страната YouJizz. Се насмевна.
- Да не сакаш малку да поглеаш, дур` да ти се дигне? - сериозно го праша Ања.
- Тоа не е уопште лоша идеја... - рече келнерот занесено, седнувајќи покрај компјутерот.
По неколку минути беше спремен. Ања му дојде од зад грб, го заврти компјутерскиот стол накај себе, му ги соблече панталоните, и започна.
- Добра сум? - го потпраша Ања.
- Не знам! Мене си ми! - одговори задоволно келнерот.
- Шо сме романтични... - промумла таа.
Кога завршија, Ања го плесна келннерот по задникот, велејќи му:
- Ај, оди сеа...
Келнерот í беше многу благодарен:
- Фала ти многу... - тој покажа кон неа со показалецот сакајќи да го дознае нејизното име.
- Ања... - рече таа.
- Ања! - повтори келнерот. - Јас сум Анатоли.
- Ме боли кур. Иначе, јако име, за конобар.
- Без предрасуди. - í се насмевна и замина.
- Колку ќе се каам за ова утре. Ама, сеа кур ме боли! - си рече Ања, враќајќи му се на компјутерот. - Лее, Лиза Ан ја отворил! Ебате перверзната малдина на тетки шо се пали! - извика нервозно.
Фросина и Ингвар излегуваа од киното.
- Ти реков дека е досаден! - í рече тој.
- Па, и не беше толку лош. - одоговори таа.
- Шо бе не е толку лош, клише најобично. А и тоа три-де-то, скапано! - продолжуваше да се противи Ингвар.
На првиот спрат од ГТЦ, во малата продавничка тој купи лижавче, за потоа да ја запраша Фросина:
- Знаеш како се муваат првачиња?
- А шо, првачиња се муваат?
- Па, шо знам... Ваљда... - се преправи дека е несигурен, мачејќи се да го отвори лижавчето.
Откако успеа во својата мини-невозможна мисија, го стави во уста, и го заврти неколку пати, и потоа го извади.
- Ако сеа го стаиш и ти у уста, на Вашиот јазик ќе го почувствувате начинот на кој првачињата се муваат. - кажа Ингва алудирајќи на тоа да звучи како спикерка од Топ-шоп.
Тогаш забелажаа дека врне порој.
- Ај, ја да í се јавам на Катрин, да ни се придружи ако сака, или превоз ако í треба... Може? - рече Фросина
- Може.
Катрин и Ернесто се шетаа покрај Вардар стуткани под неговиот чадор. Разговараа за смислата на животот кога од нејзиниот мобилен се слушна „Wake Me Up Befort You Go-Go”. Штом го извади телефонот забележа дека ја бара Катрин, но Ернесто í го грабна од раката, и го фрли во реката.
- Зашто го направи тоа?! - се воздржуваше да не побесне.
- Те молам, не ми се лути! На човештвото не му требаат машини.
- Абе, доста ти со тие филозофски муабети! Телефонот служи за да те најдат.
- Ако некој сака да те најде, ќе те бара дома, на местата кои најчесто ги посетуваш...
- Да. А ако сум со некој фрик шо ме м’кне низ парк по дождов?! Може сакаше да ме однесе до дома?! Ти, као шо глеам, немаш кола!
- Извини, направив глупост!
- Па, цела ноќ ми се извинуваш за нешо, ти ебам кретенот!
- Прости ми! Еве, за да те смирам ќе ти купам нов телефон. Јас не користам апарати. Но, тоа сега не е важно. Имам доволно пари. Го знаеш ли на памет бројот на твојата пријателка Фросина?
- Среќа шо го знам!
- Најголема среќа е безгрижно да подрипнуваш под дождовните капки...
- Доста, бе! - низ заби просаска Катрин.
- Добро, молчам. - се повлече Ернесто.
Отидоа до наблискиот салон на некој од мобилните оператори. Ернесто í купи нов телефон на Катрин. Штом ја стави картичката во него, веднаш и се јави на Фросина:
- Фросе, дој да ме собереш одма! У ГТЦ сум!
- Па, и ние сме тука! Е, те глеам!
Се најдоа.
- Фала за телефонот и, еби се! - викна Катрин и тргна накај Фросина и Ингвар, додека Ернесто виновно ја гледаше како се оддалечува.
- Здраво, Ингвар! Ние не се запознавме прееска... - í се претстави Ингвар на Катрин.
- Катрин. - рече таа, неможејќи да дочека, да се пожали колку сé тргнало наопаку на крајот од вечерта.
Откога кажа колку Ернесто е интересен, но дека е малку кртен, и зошто не í се јави на Фросина кога таа ја бараше, смирено ги замоли:
- Ќе може ли да ме однесете до дома?
- Е, курац, Смарт ми е колата!
- Па, шо има везе? - праша Катрин.
- Смартот има две седишта. - í одоговори тој на Катрин, како учителка на ученик.
- Ај, ја со такси ќе идам. - рече Фросина.
- Не, бе, батали, ја ќе идам. - одврати Катрин.
- Ја не идам со такси, зашо цимерот ми ја довери колата! - се надоврза Ингвар.
- Не, бе, не, ја ќе идам! Нема да ви ја рушам вечерта! - настојуваше Катрин.
- И шанстата слатко да си поспијам со Фросина. - си помисли Ингвар.
Тогаш тој истипка во телефонот некоја комбинација од цифрите што ги има во броевите на такси-сервисите, 1, 5, 9 и 3, и по неколку минути чекање, рече:
- Ако може едно такси пред ГТЦ, до... - ја погледна Катрин.
- Железара. - одоговри таа.
- ...Железара. - Ингвар ја дополни реченицата. - Број 23! Добро. - рече по подолго чекање.
Таксито го чекаа на влезот на ГТЦ. За кратко време тоа се појави, и тројцата се упатија кон автомобилот. Катрин влезе позади, зашто се плашеше од манијаци, а Ингвар ја отвори предната врата и го праша татксистот:
- Колку до Железара?
- Остај, бе, ја ќе си платам. - негодуваше Катрин.
- Не знам точно. - одговори таксистот.
- Еве ти петстотка, па кусурот вратете í го на девојчето. - рече тој, вадејќи од џебот петстоденарка.
Негодувањата на Катрин продолжија, но Ингвар и таксистот веќе се поздравија и автомобилот тргна.
- Ти кај живееш?
- И ја у Железара. Комшики сме ние.
- Ајде! - извика Ингвар издолжувајќи ја последната буква.
Се упатија кон паркингот. Фросина í се јави на Ања:
- Шо праиш?
- Ќути, брат, малце сум натрескана, а тоа стално, нели, води кон срање. - одоговри поспано Ања.
- Шо, бе, да не имаше секс со машко?!
- Да. Орален. - одговори Ања.
- У пичку матер, брат! Па, ја не сум имала орален!
- Сé уште. - дополни Ингвар кој веќе го вадеше автомобилот од паркингот и добивајќи лесен удар врз рамото од страна на тупаницата на Фросина.
Потоа, почна да раскажува како таа и Катрин си ја поминале вечерта.
Ингвар се разбуди прв. Се наоѓаше во станот на Фросина. Таа спиеше до него. Отиде во кујната. Се напи вода за да си ја исплакне устата. Го отвори фрижидерот кога се разочара:
- У пичку матер, вегетаријанец! Можда и ми кажала вчера, ама кој да ја слуша, коа автобиографијата ја започнува со искуствата за нејзините тоалети.
Во фрижидерот немаше никакво месо, ниту, барем, нешто слично на месо. Се израдува кога на вратата од фрижидерот најде неколку јајца. Ги скрши во првото тавче што го најде, и си направи кајгана. Имаше доволно и за двајцата. Тогаш во кујната влезе Фросина:
- Па, ти голем домаќин си бил, бе! Него, чудно шо не избега одма.
- Па, ќе избегам коа-тогаш. Нејќеш, ваљда, да се преселам овде... Нејќеш, нели? - праша тој со тон преку кој очекуваше потврда на прашањето.
По појадокот, Ингвар се поздрави со Фросина, í вети дека деновиве ќе í се јави и замина.
Катрин ја разбуди мелодија која најверојатно беше свирена на пијаното во нејзината дневна соба. За момент, си помисли дека е провалник, но потоа се праша зошто провалникот би ја будел на толку романтичен начин? Но, за секој случај, симнувајќи се по скалите кон дневната соба, понесе со себе тап предмет за, евентуално, ако има потребна од самоодбрана. Кога убаво се расони, ја препозна мелодијата. Тоа беше „За Елиза“ од Бетовен. Виде и кој ја свири.
- Прости ми многу, Катрин. Бев само понесен од атмосферата. Многу ми се допадна вчера и не би сакал вака да заврши нашето другарување. Патем, ќе ти платам за нова брава.
Таа се сожали и му прости:
- Ај, ќе ти даам уше една шанса.
Потоа му се доближи со заводничка насмевка и го бакна.
Како што минуваа месеците, двата пара станаа блиски меѓу себе, додека сите останати беа неважни. Меѓу секоја од двојките се роди голем егоизам, што предизвика оправдана љубоммора кај Ања. Затоа, Трите Грации Од Железара се дистанцираа една од друга. Секоја си беше со својот партнер, додека Ања секоја саботна вечер му се исповедаше на келнерот Анатоли, но не му ја исполни истата онаа желба по втор пат.
Ернесто и Катрин одеа на сликарски изложби, класични концерти, промоции на книги... Ноќе, често одеа на Кале. Ќе легнеа на тревата и ќе го гледаа ѕвезденото небо. И сите тие нешта беа проследени со разговори за љубовта, за тоа колку универзумот е бескраен и со поетски искажувања на љубов:
- Јас ти го дадов моето срце. - ќе речеше Ернесто.
- А јас го заклучив заедно со моето, и не дозволувам никогаш да биде скршено. - ќе одговореше Катрин.
Како нивна голема спротивност, Ингвар и Фросина од интернет симнуваа аКатринкански комедии и ги гледаа со огромна чинија смоки пред себе. Ним им беше многу полесно, зашто почнаа да живеат заедно. Секој ден Ингвар ја изненадуваше својата девојка со некој смешен комплимент:
- Ти рекле некоаш дека си грда?
- Не.
- Па, тоа, дека не си... - вљубено ќе одвратеше тој.
- У, јебо те комплимет! Не сум грда! Фала, брат! Поласкана сум!
- Шо е, бе?! Барем сум оригинален. Сакаш клише? Не е ова аеродром, бе, Фросе-такви авиони ко тебе да слетуваат! Може вака? - малку налутено ќе речеше Ингвар.
Но, по тој период, нагло започнаа несреќите.
Ернесто, како и секогаш, ја посети Катрин и таа вечер.
- Овој пат не излегуваме. Дома ќе останеме. - одлучно рече таа.
- Но...
- Нема да ме предомислиш. - решително го прекина Ернесто.
- Во ред, ќе останеме дома.
- Сакам да ти ја пуштам мојата омилена песна, „Where The Wild Roses Grow“ од Ник Кејв и Кајли Миног.
- Навистина? Сум ја слушал, но не сум í обратил внимание. - рече Ернесто додека Катрин ја пушташе песната.
- Многу сакам да ги анализирам текстовите на песните. - додаде тој по кратка пауза.
- Епа, на оваа немој! Грозен е текстот. - го предупредуваше Катрин.
- Зошто? Што се работи во песната?
- Па, ликот на Ник Кејв го убива ликот на Кајли, под изговор дека секоја убавина мора да умре, затоа шо е минлива и ќе ја снема и никој нема да ја памти убавината на таа личност. Нешо такво сум читала по форуми.
- Интересно. - одоговори Ернесто замислено.
Песната веќе привршуваше, кога Ернесто отиде во кујната. Катрин отиде да пушти друга песна, а тој набрзо се најде зад неа.
- Авторот на стиховите е сосема во право. - мирно изговори Ернесто, обидувајќи се да ја прободе Катрин со ножот што го зема од кујната.
Таа се заврти и веднаш почна исплашено да плаче:
- Немој да ме убиваш...
Но, попусто. Ножот веќе се најде во нејзината утроба. Ернесто сфати дека тукушто ја уби единствената личност што ја имаше на светот и плачејќи клекна на колена:
- Зошто ми ја пушти песнава, Катрин?! Проклета да си! Проклет да сум и јас, покрај тебе.
Изговарајќи го ова, Ернесто си пресуди и себе си. Двајцата умреа од истиот нож, на кој се измеша нивната крв.
Иако се знаеше дека Ернесто ја убил својата девојка, двајцата беа закопани во еден ковчег. Немало доволно место на гробиштата. Видно најпогодена од смртта на Катрин беше Ања. Не сакаше да земе дијазепам, па неговата улога ја презеде Фросина која, пак, беше под слино влијание на тие апчиња:
- Не се секирај, ме имаш мене.
- Е, жими куров, шо го неам, те иам тебе! - се разгневи Ања.
Тука следеше предупредувачко кашлање на попот, кој пееше на погребот.
- Извини, попе, не беше намерно! - зајадливо рече Ања.
Таа вечер, ако некој ја погледнеше Ања, ќе забележеше како сосема замислена, ги крена веѓите, на начин на кој луѓето го прават тоа кога им доаѓа некоја интересна идеја. Тоа се случи и со неа. Излезе од дома и влезе во колата. Сакаше повторно да оди на гробот на својата другарка.
Ја паркираше колата во близина. Лесно го најде гробот на Катрин. На плочата пишуваше: „Катрин Галовиќ и Бобан Москов“.
- А, така ти е името, копиле едно. - рече Ања тивко, кршејќи ја неговата слика.
Го отвори гробот. Земјата беше сеуште мека, па лесно го откопа ковчегот. Го отвори и ја соблече својата пријателка.
- Ако не можев да те имам додека беше жива, те имам кога си мртва. - изусти Ања доближувајќи ја устата кон половиот орган на Катрин. По оргазамот што го доживеа лижејќи ја нејзината вагина, и таа се соблече гола. Го исфрли телото на убиецот од ковчегот, и легна на негово место, шепотејќи свртена кон увото на Катрин:
- Ќе те следам во мракот.
Потоа, малку го затресе ковчегот, кој странично падна во дупката од гробот. Ања мирно чекаше да умре покрај својата љубена, без разлика дали ќе се загуши, или ќе замрзне.
Ингвар ја носеше Фрсоина до дома во својот автомобил купен на старо. Барем, не мораше повеќе да го моли Влатко да му го даде Смартот. Тој стави една касета во касетофонот од колата. Ја стартуваше и започна неговата омилена македонска песна, „Сонце за три светови“.
- Знаеш, зад сите овие зафрканции седи еден романтичар. - í рече тој на Фросина, сакајќи да ја бакне.
- Ставрно? - праша таа заводливо, прифаќајќи ги неговите усни на своите.
Бакнувајќи ја, Ингвар почна да го мазни нејзиното тело, почнувајќи со нежни движења од стомакот, преку градите, па сé до вратот. Благо се наведна врз неа, додека таа почна да му ги соблекува панталоните. Кога забележа дека е согласна да водат љубов во автомобилот, í ја соблече маицата.
- Многу вистински ми изгледаат. Може да ги фатам? - праша Ингвар, гледајќи во нејзините гради, како да мораше да бараше дозвола за тоа.
- Ај, пробај да не ги фатиш! - саркастично му одговори Фросина.
Во тој момент, Фросина забележа дека некој човек ги гледа и врисна, покривајќи си ги градите со маицата. Според насоченоста на нејзиниот поглед, Ингвар се заврти зад себе и бесно праша:
- Шо е, бе, манијак?!
Човекот, без воопшто да го смени изразот на лицето, ја крена секирата што ја држеше в раце, и со сечилото осум пати ја удри Ингваровата лева града. Фросина почна да вреска, а откога човекот заврши со своето крваво убиство, í се придружи. Но, неговиот врисок беше специфичен. Морничав. Таков врисок можат да направат само профисоналните пеачи.
Човекот го напушти местото на злосторот со мисла дека ја спасил таа девојка, додека Фросина забрзано дишеше и гледаше како крвата од градата на нејзиниот љубен се лее по каросеријата.
ЕПИЛОГ
- Најдено е тело у Железара. По описот на убиството, изглеа Евгениј убива по десет години! - í кажа детективот Дарко Трајановски на својата колешка.
- А Евгениј е...? - заинтересирано праша Георгиевска.
- Евгениј е име кое новинарите му го измислија на еден, сега, веќе, сериски убиец, кој го убил татко му. Тоа ми е најинтересен случај. Се вика дека, дечково, коа бил дете, некои, шеснаес години, доживеал собраќајка, у која мајка му умрела. Татко му бил онесвестен и, нели, после бил у болница. Е, сеа, дечково, се швркнал скроз, очито, го собрал татко му од болница, го донел дома, ја пуштил „Ummagumma“ од Флојди, гребната тачно на местото кајшо Вотерс се дере у „Careful With That Axe, Eugene“, за да се повторува врисоков, нели... За тоа и Евгениј го викаат. И, со секира, нели, axe, го брцал татково у лева цицка осум пати. Некои серат нешо, као број на бесконачнонст, а и тоа дека му го преполовил срцето, као он шо му го скршил неговото, коа ја убил мајка му, на некој начин. Не е битно. И сеа, после десет години, на полноќ, он убива дечко, шо се мува со женска, у кола. Многу е веројатно да е истиов тип, зашо он, сеа, ваљда, му се мота низ глава дека ја спасил женскава од тоа на мајка му шо í се случило. Чоекот шо го пријавил убиството, не го видел убиството, ама баш таков болен врисок слушнал, и, откоа го чул, ѕирнал низ прозор и видел женска шо искача од кола, а после дошол и до колава, го видел дечково као крвари и го пријавил убиството.
- А, со женскава шо станало? - праша Георгиевска.
- Па, овој шо го пријавил убиството вика дека некоја лудача цела вечер ја дерела „Сонце за три светови“ од Џафер. Верува дека може да е тоа она, зашо сите негови комшии се нормални. Баш праел муабет сабајлето.
- Мене вчера ми донесоа касета на која ја има... - загадочно Георгиевска го погледна Трајановски.
- „Сонце за три светови“ од Џафер. - ја дополни реченицата. - Видиш, нејзе таа песна í е последен убав спомен за дечково, и, ја пее... Знаеш дека може уше да е таму женскава? Ај, да видиме!
Кон излезот на станицата, Георгиевска праша:
- Абе, ај прво Вангели да го прашаме дали добил тело деновиве?
- Ајде. - се согласи Трајановски.
Форензичарот Вангели Гешковски им го покажа телото на двајцата детектви:
- Еве, човекот умрел како што вика и сведокот, некаде околу полноќ меѓу вчера и денес, најверојатно осум пати е брцан човеков у цицка, оружјето е, очито, секира. Скршени се, ваљда, четри ребра, срцето е преполовено, ако продолжел ќе му искочела секирава од друагата страна.
- Осум пати со секира у срце! Тоа е тоа! - задоволно извика Трајановски.
- Е, голем кур. Десет години се шета типот, а уше не е фатен. - рече Георгивска.
- Де, бе, па ти! - рече Трајановски, но веќе сфати дека неговата колешка е во право, па не ја доврши реченицата со „песимист“, или со „Ќе го фатиме, не се секирај!“. Во замена за тоа додаде:
- Ај да идеме у Железара, да видеме дали уше пее девојчето!